Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Полека со Габиа, нека врзе барем 3 добри перформанси, па да има шанси за четврти/петти дефанзивец во ростерот. Се сеќавам на едно лето пред некоја година кога Родриго Ели ломеше на припремите, ние навлажнети, земен без пари со грдна провизија за Раиола, тогаш Михајлович се залета го играше одма на првата утакмица во сезоната против Фиорентина, овој напраи директен црвен картон и слободњак од каде Алонсо ни плесна гол. И оттогаш не заигра. Ене го сега во Алавес нешто гравитира.

Наводно Милан и Волвс се договориле за Кутроне. Искрено, за Кутроне ме врзува само жарот со кој игра и се труди, тоа што е дете на Милан и инстинктот за гол којшто ме потсеќа на стариот ков напаѓачи као Пипо Инзаги, инаку изумрена врста, скоро некорисна во денешниот стил на фудбал. Не сум сигурен дека нешто страшно може да напредува уште ко играч и малку ми е сеедно ако го продаат. Пре би да биде продаен Силва отколку Кутроне, ама ако се продаваат двајцата, нема проблем, тоа значи дека ќе треба да се купат уште бар двајца напаѓачи. И факт е дека продажба на Кутроне значи само профит дека е донесен за 0 евра. А со тоа ем генерираш профит ем не сме под притисок да разматраме продажба на Донарума рецимо. Е сеа сумава, 18 милиони + бонуси, нискичка некако, имајќи предвид дека факинг Пинамонти Џенова толку го плати, ама па можда има некој задкулисен дил со Мендес, знаеме дека Волвс е практично негов клуб.

Ние сме сеа богат тим со големи амбиции нели, па ако е така, дај боже нека напредува Кутроне и нека биде дупло подобар, ќе го купиме назад, ништо страшно. :)

Според трансфериве, ептен е очигледно дека Малдини и Бобан му праат тим на Џампаоло, буквално по негов вкус и приспособен за стилот на фудбал којшто сака да го форсира. Тоа е работа која одамна не се дешавала во Милан и тоа ќе биде интересно за анализа низ сезоната. Увек сме имале неприкладни играчи за формацијата која се играла. Ај да видиме ова како ќе се развива, ама факт е дека ќе имаме уште бајги маневри во ростерот до крај на меркато.
 
Наводно Мендеш го понудил и Хамес Родригез на Милан за 42 милиони. Па ваквите трансфери на Кутроне, Силва и Кореа ми имаат смисла. Па затоа и такви се цените на трансферите.
 
In the last hours, Genoa contacted representatives of Lucas Biglia. The Argentinian's contract expires on June 30, 2020.

[Alfredo Pedulla]
 
Рафаел Леао од Лил се спомнува како замена за Кутроне. Изводлив трансфер бидејќи Елиот исто така е вмешан во Лил.
 
Не сум фан на Аргентиснки играчи посебно не директно од тоа селската лига
 
До гулабите е што му се на балкон. :D

Од Аргентина не, од Холандија преварантската лига не, од Англија преценети не. :D

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
До гулабите е што му се на балкон. :D

Од Аргентина не, од Холандија преварантската лига не, од Англија преценети не. :D

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Португалија циганска лига не сака. Еве Кореа исто не го сака од Шпанија :D
 
Што си влегол у последно време у некој хејт моуд бе? :D


Не сум у хејт, ме мрзи сеа ама да ти ги наброим аргентинските играчи што продефилирале низ Милан има да ти стане јасно зашто не ги сакам.

Не сум фан на аргентински играчи у Милан, не дека има нешто против нив, а лигата дека им е селска, им е.
 
Јас имав највише надежи положено во Леандро Грими! Лев бек нешто беше, земен као замена и бекап за Марек Јанкуловски. :pos:

Леле у пичку матер еј. Ко ќе ми текне во кого све сум полагал надежи и едвај сум чекал да ги официјализираат а уууууу. Ми иде да зеам да се самобанирам од коментирање трансфери.

Бартош Саламон и Андреа Поли. Се сеќавам коа се носеше Поли, Галијани беше на некоја тура со брод по Медитеранот, траеше неколку дена и тоа го одлагаше трансферот, демек ќе го завршел коа ќе се врател. И јас седев, висев на миланњуз и чекав да се врати Галијани од крстарење за да го официјализира Андреа Поли. :pos:Со цел памет.

Ах бе овој Милан што ни напраи еј. Што све имаме преживеано за кратко време.

Дајте кажите вие сеа некое вакво бламирање, пред да почнам да барам мислења низ архива, да се смееме. Што све таму може да се најде поготово од постариве членови што сме, а уууууу.

Дим4е или Пејо, кој од нив двајца умараше за да се донесе Бертолачи?! :pos:Димче изглеа беше за Бертолачи, а Пејо за некого викаше дека имал страшен преглед на игра, ама сеа не ми текнува кој, а ќе најдам. И Неше што увек ги поддржаваше bad boys -ите во Милан као Адел Тарабт.
 
Ја гарантирав дека оној Меркел ќе биде играч :pos::pos:


Исто се напаливме откако даде еден гол и почна да плаче бе, како се викаше тоа црнче? хаххахахха

Еве го бе, Родни Страсер! ХАХХАХАХХАХ

rodni.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom