- Член од
- 14 октомври 2007
- Мислења
- 2.674
- Поени од реакции
- 2.731
Полека со Габиа, нека врзе барем 3 добри перформанси, па да има шанси за четврти/петти дефанзивец во ростерот. Се сеќавам на едно лето пред некоја година кога Родриго Ели ломеше на припремите, ние навлажнети, земен без пари со грдна провизија за Раиола, тогаш Михајлович се залета го играше одма на првата утакмица во сезоната против Фиорентина, овој напраи директен црвен картон и слободњак од каде Алонсо ни плесна гол. И оттогаш не заигра. Ене го сега во Алавес нешто гравитира.
Наводно Милан и Волвс се договориле за Кутроне. Искрено, за Кутроне ме врзува само жарот со кој игра и се труди, тоа што е дете на Милан и инстинктот за гол којшто ме потсеќа на стариот ков напаѓачи као Пипо Инзаги, инаку изумрена врста, скоро некорисна во денешниот стил на фудбал. Не сум сигурен дека нешто страшно може да напредува уште ко играч и малку ми е сеедно ако го продаат. Пре би да биде продаен Силва отколку Кутроне, ама ако се продаваат двајцата, нема проблем, тоа значи дека ќе треба да се купат уште бар двајца напаѓачи. И факт е дека продажба на Кутроне значи само профит дека е донесен за 0 евра. А со тоа ем генерираш профит ем не сме под притисок да разматраме продажба на Донарума рецимо. Е сеа сумава, 18 милиони + бонуси, нискичка некако, имајќи предвид дека факинг Пинамонти Џенова толку го плати, ама па можда има некој задкулисен дил со Мендес, знаеме дека Волвс е практично негов клуб.
Ние сме сеа богат тим со големи амбиции нели, па ако е така, дај боже нека напредува Кутроне и нека биде дупло подобар, ќе го купиме назад, ништо страшно.
Според трансфериве, ептен е очигледно дека Малдини и Бобан му праат тим на Џампаоло, буквално по негов вкус и приспособен за стилот на фудбал којшто сака да го форсира. Тоа е работа која одамна не се дешавала во Милан и тоа ќе биде интересно за анализа низ сезоната. Увек сме имале неприкладни играчи за формацијата која се играла. Ај да видиме ова како ќе се развива, ама факт е дека ќе имаме уште бајги маневри во ростерот до крај на меркато.