Да се загуби играч како Игуаин на сред сезона која на некој начин ти е да се биде или не, во смисла на влагање во ЛШ е огромна загуба. Освен што е загуба од такмичарски аспект, во квалитет, удар е и врз имиџот на клубот, врз имиџот на овие звучни имиња во менаџментот као Малдини, Леонардо и Газидис и удар врз имиџот на Елиот кои као имаат огромни амбиции за враќање на Милан на врвот.
Амбиции кои Елиот реално, ги покажува засега. Засега имам појше причини да им верувам отколку да не им верувам. Враќањето на Леонардо и Малдини, и носењето на Газидис кој беше најплатен CEO во лигата со најмногу пари во Европа, се назнака за тоа. Без разлика што мислиме за Газидис и Арсенал, во негов домен, тој е врвна класа. Носење на скоро 40 милионски играч во зимски преоден рок, реално прв за нив, исто така. Ама нема врска, тоа е друг муабет, за друга прилика.
Ама да се изгуби човек, лик као Игуаин на сред сезона и не е толкава загуба. Реално, ликот е пичка. Играчиште, класа напаѓач и све тоа ама пичка од човек. Сеа ќе оди во Челзи и за две години ќе му текне дека сака да се врати дома во Хуракан пичкеси материне и истово ќе го праи. Никаков професионалец. Исто вака шупачки замина и од Наполи, се сеќавате. Океј, ќе речете има причина. Ама тој треба да е професионалец бе брате! Ова можеше да го напраи во јули, не мораше сега. Се сеќавате на пресот кога го презентираа? Што збореше за Челзи? Што рече, зошто дошол во Милан? Тој не знаеше кај иде? Не знаеше со кого ќе игра? Не знаеше дека Милан тек праи тим за ЛШ? Што очекуваше, во јануари Бејл да го донесат? Нејмар? Сите навивачи се крстевме во Игуаин, дека тој е едина класа во тимот после долго време, ќе дае клучен придонес за влез во ЛШ, тој испадна пичка најголема. Па носи се со товарот бе гомно едно, знаеше каде идеш и што се очекува од тебе!
Изјавата на Леонардо, дека откупот зависи од пласман во ЛШ јас појше ја глеам као дипломатска и обид за да го стегне, да го мотивира да се труди, отколку што е реална. Кој ти плаќа 35 милиони за позајмица за да не го откупи после? Копилето после утакмицата со Јувентус изиграва болно пиле. Јас сум појше на страната на Леонардо во ситуацијава. Брату, донесен си да бидеш воџа во тимот, да даеш све од себе, да не внесеш во ЛШ! Никој не те донесе со сила, знаеше каде идеш и во што влагаш, го збореше и самиот тоа на пресот. Епа така и понашај се бе копиле едно. Води го тимот, биди првиот играч, не ми изигравај примадона, јебем ти све да ти јебем. На пресот кога збореше против Челзи и како ќе биде предводник на враќање на Милан во ЛШ, не го знаеше ростерот на Милан?! Не знаеше дека некад можда и со Борини ќе мора да игра? Па тој не беше купен на први јули, па да го заебаа, му ветија, а не донесоа играчи. Беше купен на 15 дена пред истек на рокот и имаше време да одлучи за се.
Какви и да се причините, колку и да се реални и разбирливи, Игуаин е 100 милионски играч, професионалец и вака не смееше да се испонаша. Немаше да се лутам ако ова се десеше на крај на сезона: не сум задоволен од амбиентот, не сум задоволен од соиграчите и тимот, немам време за губење, сакам да си одам. Оди, еби си мајката. Ама на сред сезона вакво пичкарско понашање? Знаеше во што се впушта копилето, треба да имаш топки да се носиш со оечкувањата и притисокот. Тој очигледно ги нема. На крајот на краиштата, тој го прифати трансферот летоска, ги знаеше сите услови.
Којзнае дали Пјатек ќе продолжи како што почна сезонава. Којзнае дали пак ќе има ваква или слична сезона. Еве го Белоти искуството, блиску е. Една сезона врвна, после тоа нигде и никаде. Ризик е со него, ама е најдобро можно решение во моментов, во овој теснец во кој не стаи нервозното копиле. Во јануари тешко се купува, а мора да се купи затоа што копилето сака одма да си оди, па јас не гледам кое е посигурно, подобро и подостапно решение од вториот најдобар стрелец во Серие А после Роналдо.
Секогаш сум за тоа да не се чуваат во тим играчи ако не сакаат да бидат тука. Па кој сака нека е и каков сака нека е играч. И Бонучи посакал да си се врати во Јуве уште одма, па бар остана до крај на сезона и се избламира заедно со Милан, заврши едвај 6ти.
Потезите на Милан во изминатиов период, на газдите и менаџментот ми даваат појше причина да бидам оптимист отколку песимист. Сега засега барем.
И да се знае, јас не сакам вечерва да игра Игуаин. Боље стави го Кутроне, нека гризе детето отколку да го глеам копилето како хистерише, трчкара и се курчи на последната утакмица во Милан.
Ваков или таков, во криза или не, пропаднат или не, заборавен или не, на стара слава или не, со Гатузо тренер или не, со чарки помеѓу CEOто и спортскиот директор, Милан е Милан, се уште барем, величина во фудбалот и ниту еден играч, па колку сака нека е добар, не смее и не може да биде поголем од тимот. Ако ништо друго заради поштовање кон милионите навивачи! Поготово не копиле и смече како Игуаин. Очигледно, не му палеа дресови во Неапол за џабе.