Милан одамна нема доминирано дерби во секој аспект и категорија на терен. Сме победувале на дерби ту и таму инцидентно во минативе сезони, ама не со целосна доминација од секој поглед. Ова беше таква утакмица со Рома и ќе беше греота да не ја добиеме. Случајно дадоа гол, со никаква игра и од никаква шанса.
Ако и само ако Милан игра вака на секоја утакмица, мислам на пристапот и сериозноста, оваа сезона ќе бидеме во Топ 4 дефинитивно.
Друго е кога на клупа имаш играчи кои можат и знаат да ја живнат играта, кои имаат квалитет да прекршат утакмица барем во Серие А засега. Кога влегоа Кастиљехо и Лаксалт се осети дека Милан тргна да дае гол и едноставно направија разлика таму лево.
Игуаин, нема муабет. Тоа се играчи од друга категорија и нема потреба за друг коментар. Знае све да напраи. Да се спушти на 30-40 метри да прими пас, не глеа да падне увек ко е свртен со грб према противникот туку додава и проигрува на страна, знае да се движи напред и да утрча во простор, да повлече двајца дефанзивци со него, коа излезе еден на еден со голманот, едноставно знаеш дека 99% ќе дае гол, нема многу тресење тука. Во 95 минута кога секој просечен напаѓач би се набил во 16метри и би чекал центаршут излезе на полушпиц позиција и даде генијален пас кога најголем дел од напаѓачите би шутнале од таа позиција, би опалиле па шта буде. Едноставно е класа, се осеќа тоа.
Бонавентура. Не може да напраи добри работи онолку колку што може да зговни. Едини лик кој е на било каков начин поврзан со спорт, а влече полоша контра од Бонавентура сум јас. Коа мамурен играм фудбал рекреативно. Коа братот Бонавентура влече контра едноставно знам дека од тоа нема ништо и ништо не ни очекувам уопште. Не знае каде е, не знае каде да додае, успорува игра, потез више има увек, џабе. Тука мора да игра некој друг. Или Хакан да се повлече на таа позиција, а Кастиљехо/Лаксалт да одат на крило или па Лаксалт/Бакајоко да се пробаат во среден ред наместо Бонавентура. За Бакајоко не знам, за Лаксалт сум убеден дека на таа позиција би се снашол боље отколку утов.
Биља ваков таков, мора да игра. Се додека Милан не најде негова замена, подобро е да игра макар и бил лош, затоа што без него во среден ред, Милан е драматично полош.
Калабрија паливали. Знае да зговни и да се испонаша екстремно глупо и неинтелигентно и знае да се убаци и дае гол и да е доволно концентриран да украде топка во 95 минута и напраи акција за гол. Нешта кои Абате не би ги напраил никад у животу. Али, нека се враќа Конти братот што побрзо. Каков и да се врати ќе биде најдобар десен бек во тим.
Мусачо исто е паливали. Имаше невиден кикс против Наполи, а против Рома одлична утакмица против Џеко. Не се замарам за него затоа што знам дека кај и да е Калдара ќе му го земе местото, а за него сум сигурен дека е далеку бољи дефанзивец. Правилно е што Гатузо полека почнува со нив.
Донарума. Чисто за да го штрекне малце, Гатузо треба да го стави Реина на утакмица-две. Малиов изгледа многу самоуверено и знае да се изглупира, а се уште треба да го направи оној скок кој му фали во квалитетот. Имаше две-три глупи излетувања против Рома, едно пливање во празно и боксувањето пред голот за 1-1 беше скроз вишок, покриено беше тука све, не мораше да ја комплицира. Ма да, имаше и едно истрчување коа го уби Шарави во појам, кој секако ќе го претрчаше нашиот дефанзивец и ќе излезеше 1 на 1 ако беше оставен така. Против Наполи, дискутабилно е дали можеше да изреагира боље чак за сите 3 гола. За најмалку 2, сигурно можеше.
Сусо. Еднодимензионален играч кој сумљам дека може подобро од лани, а тоа значи дека ќе си остане солиден играч и ништо више. Имаше една контра против Рома коа Кеси мислам дека влечеше, овој наместо десно во празно да утрча, побрз беше, тој тргна кон средина и со тоа го блокираше и Игуаин, го заеба Кеси му влезе во путања и му ги одзеде алтернативите. Овој даде лево кон Бонавентура и више тоа не беше контра напад.
Се на се, во оваа конкуренција сезонава, со овој тим и со концентрација во тек на цела сезона без глупи испади, мислам дека Милан конечно може да влезе во ЛШ и реално е тоа да се очекува овојпат. Ниту Лацио, ниту Рома, ниту Наполи (се виде на сите 3 утакмици досега), не се тоа што беа лани. Интер е друга приказна, за нив ни господ не знае што може да напраат.