Гатузо можда се уште е неизграден тренер и можда никогаш нема да биде врвен, ама ја даде онаа шок терапија која од авион се глеаше дека мора да биде даена. Ги дигна од физички аспект, им појача интензитет на тренинзи и оваа кондиција сеа ќе оди нагоре, ги стави сите играчи на своите колку - толку природни позиции, каде што знаат што и како да играат и најбитното, го избра и го бетонираше првиот тим, првата постава, без да лута со 20 различни 11мина во 20 утакмици.
И овие 3 работи си го направија своето. Заради тоа и Биља и Чалханоглу дигаат форма, заради тоа Кеси ора по терен, зашто човекот е створен за многу трчање, спреми го физички и пушти го од ланец, заради тоа одбраната изглеа подобро, зашто конечно парот централни дефанзивци врзаа заедно 3-4 утакмици.
Ова можда и не е почеток на некое големо враќање во сезоната во Серие А, ама дефинитивно е добар показател за вториов дел, да се проба да се направи што повеќе во Купот и во Лига Европа. Само нека продолжат вака.
Индивидуално, најмногу ме радува што Биља почна да игра се подобро. Може уште многу и сигурен сум дека ако продолжи да биде цементиран во прв тим, само прашање на време е кога ќе го достигне нивото од минатите сезони. Најбитен играч треба да биде во овој тим.
Турчинот, знае многу фудбал, онакви долги додавања го вчера и контрола на топка, одамна немало во овој измачен тим, само треба да го убеди Џакомо да не ја тупи толку и побрзо да играат. Акцијата за вториот гол, додавањата во текот на нападот беа брзи и точни, нешто што којзнае од кога го немавме видено. И нему му треба гол од слободњак некој, ради самодоверба, ќе биде уште подобар.
Калабрија, не го сакам ич, не верувам дека може да биде некоја класа од бек, ама она вчера беше страшно. Посебно дефанзивно. Најверојатно најдобрата негова партија од кога игра во Милан. Нека ме демантира слободно, вакви утакмици може да ти бидат пресвртница во кариера.
Што се тиче напаѓачите, јас засега се уште неам изградено мислење кој треба да биде прв избор. Кутроне е поефикасен во смисла на голови, ама па Калинич е подобар во играта за тимот, боље задржува топка, боље се гради, знае да падне, боље да додае. Мислам дека Кутроне би бил уште подобар кога би играле со двајца напаѓачи, ама тоа во некои подобри времиња за нас, здравје.

Има потенцијал детето, нека го форсираат и нека продолжи вака. Силва, му требаат минути, му треба гол-два, не смееме лесно да се откажеме од него, јас сум убеден дека е одличен напаѓач и ќе стане уште подобар. Не знам само дали во Милан или на друго место. Лудо е да му се суди на Силва во оваа ситуација. Ниту игра доволно, прва сезона кај нас, соочен со страшни очекувања и плус цел тим е во тешка криза, никој не ги задоволува очекувањата, така што, полека.
Бонучи/Ромањоли - се подобро изгледаат заедно, во тој тандем нема чепкање, значи ако може и на пријателска со Солбиатесе треба да играат заедно, прашање на време е кога ќе се стабилизираат уште појше. Имаат се што треба да имаат.
И на крај, не можам да ви опишам колку ми е мило што брзото и брливо копиле Игнацио Абате испадна од прв тим. Игнацио брале, ова ти е почеток на крајот во Милан, почеток на крајот на твојот престој во тимот со годиништа, мислиш Малдини е. Јеби се копиле едно изузетно глупо и неталентирано.