Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
МиФ рекoa декa немa дa купувaaт ни дa прoдaвaaт вo зимскиoв преoден рoк.
 
Нека го продадат овој Силва денојве нека не играат курот.

На лето нема да може на Џенова на позајмица да им го увалиме
После 6 месеци нема толку лесно да се откажат од нов играч, посебно млад и неискусен. Следна сезона ако се одлучат да го продадат, тогаш Мендеш ќе го ували некаде како што ни го ували на нас.
 
Полека им внесува сигурност Гатузо, се глеа дека имаат концепт на игра, огранизирана одбрана и фала курцу дека може да се игра поатрактивен фудбал кога ќе имаш техничари ко Сусо,Џек и Хакан на терен.

Монтела сфе да ти ебам за ова и таа исфорсирана 35-којзнае што.

Кеси меле под водство на Гатузо, го уништи денес Милинкович-Савич и затоа Инзаги последните 20-25 минути го префрли на другата страна кај шо беа Антонели-Џек-Хакан па затоа и логично беше шо зимаше така лесно дуели со нив.

Бонучи - Ромањоли е коска, доста ветуваат двајцата и конечно асален партнер за да видиме што уствари може Ромањоли да напраи од кариерата.

Мора да се игра вака дрско до крај на сезона, 10 бода сме од топ4, не велам дека ќе ги стигнеме него не би сакал да се откажеме туку така.
Да успееме да ја намалиме уше за пола разликава на Интер пред дербито и тоа ќе биде вистински спектакл.

Нема да е лошо некоја мизерна позајмица да се склопи за Делофеу ама не верувам дека воопшто праиме нешо на пазарот.


За крај морам да кажам збор-два за Биља, па добро бе пичка му матер, се глеа дека имаш фудбал у нозете, се глеа дека не си бос и клуб играч ко Монтоливо ама зашо бе таква лежерност на терен? Па нон-стоп ризикува да изгуби топка пред 16-тник и да ни збрцаат гол.

Копиле едно мафијашко аргентинско не се понашај као да си Пирло, 0 титули имаш у кариера, играј ко шо треба да не леташ назад за Зулте Варегем.
 
Кутроне ваков таков се гледа дека разбира фудбал и за Калиниќ е доктор. Треба да се форсира и да игра што повеќе, без разлика дали ќе греши или не, вреди да се коцкаш со вакви фудбалери.

Кутроне е за цела класа подобар од Силва и Калинич за кој што летово се фрлија 70м. Инаку во Милан има доста играчи кои што очигледно е дека разбираат фудбал, но главниот проблем е во тоа што нема кој да им покаже што, кога и како да одиграат. Уште не ми се верува дека раководството на клубот дозволи да се изгуби пола година со форисрање на некоја 3-5-2 формација во ситуација во која што имавме тренер кој што не знае да постави игра за истата таа формација. Буквално под Монтелна и таа негова шугава формација сите играчи си тераа свој филм и ‘‘играа‘‘ тоа што им се игра на нив, а истовремено освен Донарума немаше ниту еден играч што си ја знае својата позиција на терен. Дефинитивно еден од најшугавите периоди во целата историја на Милан е тој со измислената 3-5-2 формација на Монтела и едина шанса да се извади авиончето за таа штета што му ја направи на Милан е да ги го земе Калинич во Севиља.

Од друга страна под Гатузо ако ништо повеќе се знае кој и што игра на терен. Слаб тренер е и Џенаро, но ако ништо друго сега за сега го прави она за кое што имам милион пати пишано во темава т.е. ги игра истовремено во стартна постава играчите што знаат фудбал како Биља, Хакан, Сусо и Бонавентура, а како препородени покрај овие изгледаат и Кеси и Кутроне. Кеси на пример од нова година наваму јаде живи луѓе на терен секоја утакмица, а пред тоа само трчкаше напред-назад колку да не стои во место. Еве го и Бонучи конечно почна да заликува на играч и тоа во формација со 4 позади, а претходно во ‘‘неговата формација‘‘ беше ист Бонера, ако не и полош. Наскоро се враќа и Конти на десен бек па ако фати и овој солидна форма ваљда ќе имаме шанса да спасиме нешто од оваа сезона, иако и нема што многу да се спасува. Направивме катастрофални киксови со Беневенто и Верона и изгубивме 5 исклучително значајни бодови во борбата (или надежта) дека сепак можеме до 4 место, а и претходно имавме киксови дома со Џенова, Аталанта и посебно Торино кој не знам како не го тепавме на толку шанси. :unsure:
 
Cutrone bar gine za sekoja topka odi do kraj..igra presing..dodeka ovoj Silva nemozam da go gledam, manekence neka go vratat vo Braga tamu neka zemat pari bar dodeka se moze.

Cahanoglu konecno se podobruva, vleze vo forma i uste Suso da ja vrati formata kje bide odlicno..Antoneli malce ja zaeba za golot na Lazio dodeka Calabria izigra dosta dobar mec.
 
Гатузо можда се уште е неизграден тренер и можда никогаш нема да биде врвен, ама ја даде онаа шок терапија која од авион се глеаше дека мора да биде даена. Ги дигна од физички аспект, им појача интензитет на тренинзи и оваа кондиција сеа ќе оди нагоре, ги стави сите играчи на своите колку - толку природни позиции, каде што знаат што и како да играат и најбитното, го избра и го бетонираше првиот тим, првата постава, без да лута со 20 различни 11мина во 20 утакмици.

И овие 3 работи си го направија своето. Заради тоа и Биља и Чалханоглу дигаат форма, заради тоа Кеси ора по терен, зашто човекот е створен за многу трчање, спреми го физички и пушти го од ланец, заради тоа одбраната изглеа подобро, зашто конечно парот централни дефанзивци врзаа заедно 3-4 утакмици.

Ова можда и не е почеток на некое големо враќање во сезоната во Серие А, ама дефинитивно е добар показател за вториов дел, да се проба да се направи што повеќе во Купот и во Лига Европа. Само нека продолжат вака.

Индивидуално, најмногу ме радува што Биља почна да игра се подобро. Може уште многу и сигурен сум дека ако продолжи да биде цементиран во прв тим, само прашање на време е кога ќе го достигне нивото од минатите сезони. Најбитен играч треба да биде во овој тим.

Турчинот, знае многу фудбал, онакви долги додавања го вчера и контрола на топка, одамна немало во овој измачен тим, само треба да го убеди Џакомо да не ја тупи толку и побрзо да играат. Акцијата за вториот гол, додавањата во текот на нападот беа брзи и точни, нешто што којзнае од кога го немавме видено. И нему му треба гол од слободњак некој, ради самодоверба, ќе биде уште подобар.

Калабрија, не го сакам ич, не верувам дека може да биде некоја класа од бек, ама она вчера беше страшно. Посебно дефанзивно. Најверојатно најдобрата негова партија од кога игра во Милан. Нека ме демантира слободно, вакви утакмици може да ти бидат пресвртница во кариера.

Што се тиче напаѓачите, јас засега се уште неам изградено мислење кој треба да биде прв избор. Кутроне е поефикасен во смисла на голови, ама па Калинич е подобар во играта за тимот, боље задржува топка, боље се гради, знае да падне, боље да додае. Мислам дека Кутроне би бил уште подобар кога би играле со двајца напаѓачи, ама тоа во некои подобри времиња за нас, здравје. :) Има потенцијал детето, нека го форсираат и нека продолжи вака. Силва, му требаат минути, му треба гол-два, не смееме лесно да се откажеме од него, јас сум убеден дека е одличен напаѓач и ќе стане уште подобар. Не знам само дали во Милан или на друго место. Лудо е да му се суди на Силва во оваа ситуација. Ниту игра доволно, прва сезона кај нас, соочен со страшни очекувања и плус цел тим е во тешка криза, никој не ги задоволува очекувањата, така што, полека.

Бонучи/Ромањоли - се подобро изгледаат заедно, во тој тандем нема чепкање, значи ако може и на пријателска со Солбиатесе треба да играат заедно, прашање на време е кога ќе се стабилизираат уште појше. Имаат се што треба да имаат.

И на крај, не можам да ви опишам колку ми е мило што брзото и брливо копиле Игнацио Абате испадна од прв тим. Игнацио брале, ова ти е почеток на крајот во Милан, почеток на крајот на твојот престој во тимот со годиништа, мислиш Малдини е. Јеби се копиле едно изузетно глупо и неталентирано.
 
Inaku A.Silva e najdobar strelec vo LE i najdobar strelec na Milan ( Calcio + LE).

Deka ne pridonesuva mnogu, ne pridonesuva, no ne pridonesuvase ni Inzaghi i mn.drugi napagjaci. Kako i da e, potencijalot mu e golem i treba samo mnogu da se raboti so nego.
 
Па кај и да е, дали за купов, дали во ЛЕ, треба да биде стартер Силва. Има потенцијал во дечкото само треба да бидеме трпеливи...

Инаку, не ми се веруваше дека некогаш ќе го кажам ова, ама - КАКВА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КАЛАБРИЈА, оваа лезбејка едвај знаеше каде е голот, но последниве три натпревари личи на Кафу. Или се дрогира или го дрогираат без да знае, трето нема.
 
Па кај и да е, дали за купов, дали во ЛЕ, треба да биде стартер Силва. Има потенцијал во дечкото само треба да бидеме трпеливи...

Инаку, не ми се веруваше дека некогаш ќе го кажам ова, ама - КАКВА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КАЛАБРИЈА, оваа лезбејка едвај знаеше каде е голот, но последниве три натпревари личи на Кафу. Или се дрогира или го дрогираат без да знае, трето нема.
Калабрија личеше на таков бек како што е сега кога се појави во Милан од младинци ама го утепаа повредите.Па играчи многу многу поголеми од него им требало време после повреда да дигне форма а не тој со 21-2 години колку и да има.Треба да му се даде шанса.
 
Доста често и ние претеруваме со очекувањата од одредени играчи, а притоа забораваме на нивната возраст. До душа можда и очекувана е таа нервоза од наша страна заради тоа што веќе на сите ни е смачено да го гледаме Милан како губи од кој стигне, но мислам дека треба да се спушти топката на земја и добро да се увиди од кого очекуваме магија на теренот. Еве Андре Силва во последно време по интернетов го бркаат од Милан после секоја утакмица, а детево има едвај 22 години. Кеси и Калабрија 21г, Ромањоли и Хакан 23г, Конти исто, Кутроне 20г, Донарума 18г ... што да очекуваме од овие играчи на оваа возраст бе луѓе ? И не го заборавајте фактот дека сите овие играчи се водени од практиканти како Монтела и Гатузо, а и претходно кој и да им бил тренер секако не бил големо име. Се спомнуваат доста често и тие 200м како да се којзнае какви пари во фудбалот, а никој не спомнува дека во денешно време 200м чини еден Мбапе, а ние со тие пари купивме 11 играчи и сега очекуваме преку ноќ без асален тренер резулати. Немам сега јас намера да ги правдам некои играчи за слабите партии заради годините, напротив, сметам дека секој што се фатил за орото треба да го игра онака како што е платен, но понекогаш треба да се остави простор за напредок па да видиме што ќе биде. Најважно во моментов е да се работи на јакнење на тимскиот дух и Гатузо да проба да им докаже да играчите дека се способни и дека можат, а за нешто повеќе ќе се мисли од јуни па натаму.
 
Целиот ама целиот проблем со таа 3-5-2 формација е фактот што истата се игра на мал/густ простор и бара голема тимска флексибилност и кратки додавања, со спора и хардкор wannabe организирана игра. Се гушеа играчите.. често пати ќе ги видиш абе незнаеа каде да идат и што да прават. Плус, милан у офанзивен дел НЕМА играчи за 3-5-2, а од друга страна нема играчи кои можат дефанзивно да не оставаат дупки у 3-4-3 формација. Не идеше така. И плус, не бива со Сусо како second striker, го пореметија со таа позиција (иако он играше добро тој период), сеа уште време му треба да се привикне како крило назад :D
Сега е друго, имаат повеќе простор, по-отворено и брзо играат, побрзи и на поголем простор додавања. Мислам Бака да беше у Милан моментално in form ќе имаше доста голови сезонава... ама Калинич.
И да не заборавиме, имаме многу ѓубре за чистење. Ова е нешто што задниве 8 години константно го збориме и мислам дека уште многу години ќе си го ставаме тука како потсетник.
 
DUpodbRX0AAX7vZ.jpg:large
 
Gabriel zar postoi uste? :D ovoj Gomez, Paleta i Gabriel treba da se resat od niv..pa i Mauri nekade na pozajmica ili neka go prodadat.
 
Gabriel zar postoi uste? :D ovoj Gomez, Paleta i Gabriel treba da se resat od niv..pa i Mauri nekade na pozajmica ili neka go prodadat.
Со Палета спогодбено е раскинат договорот, Габриел иде на позајмица во Емполи, Занелато во кротоне за мала сума плус 50% од наредна продажба.
Ќе си иде најверојатно еден од Гомез или Запата. Не треба толку лесно да се откажат од Гомез има потенцијал во него само му треба шанса.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom