Јас во живот немам видено послаба одбрана од оваа на Милан, а сум изгледал милион утакмици меѓу кои има бааги од македонскава фудбалска лига. Ако најдете екипа што игра послаба одбрана од Милан јас на форумов веќе никогаш нема да се логирам. Едно време бевме екипа која што ја красеа фантастични дефанзивци како Неста, Малдини, Кафу, Стам и компанија, а денес сме најсмешна екипа во тој поглед.
Друга работа - формацијата. Пишав и после минатото коло мислам. Оваа смрдлива 3-5-2 формација што ја ‘‘игра‘‘ Милан е формација со која што нема шанси да добиеме утакмицата. Одбраната е пресмешна ! Видете го првиот гол. Родригез испаѓа на центар, Ромањоли наместо да затвори останува во некој меѓу простор помеѓу шеснаесетникот и Кандрева и притоа не врши никаква работа, а Икарди во сендвич меѓу Бонучи и Мусачо лагано стига до топката. Буквално не се знае кој пие, а кој плаќа. За средниот ред па не ми се ни збори. Кеси нема никаква улога на терен освен да трчка лево десно, Бонавентура игра на позиција на која што не знае да игра и треба да глуми дека е Иниеста, а Биља ... е Биља е комедија од играч. Човеков од кога дојде во Милан до сега има изиграно асално точно едно полувреме, мислам дека е првото со Удинезе. Тотално незаинтересиран играч, мекуш, нула дефанзива, нула офанзива, нула преглед на игра, асистент на вториот гол на Интер, преспор играч ... со еден збор повраќаници од фудбалер, а на истек на договор го плативме како да го земаме Чаби Алонсо на 30 години.
Трета и најважна или најтрагична работа - Борини е најдобар фудбалер на Милан.

Играчот што нема ништо фудбалско во него, играчот што не знае да подаде, играчот што не знае да шутне, играчот што не знае да помине играч, играчот што не знае да оди ... е ваков играч е најдобар поединец на седумкратниот европски првак.
Резултатот од натпреваров е таман, односно е права слика за овој смешен Милан кој загуби дерби во 90 минута со смешен пенал. Реално никако не заслуживме пораз, но бод или недај боже 3 бода само ќе не залажеа дека излегуваме од кризата. Монтела мора да се избрка уште вечерва т.е. мораше уште пред 3 кола да се избрка и да престане оваа бламажа, а на негово место треба да дојде тренер со муда кој притоа ќе игра формација со 4 играчи позадни, нормално, стартни штопери ќе бидат Мусачо и Запата затоа што четириесетмилионскиот Бонера и Неста јуниор се посмешни од правиот Бонера и Антонини што беа на времето. Биља да се зациментира на клупа на сметка на Монтоливо, а нема да биде лошо и Кеси да одмори на сметка на Локатели.