Во ЛЕ има екипа што моментално би не шлакнале во двомеч како задњи аматери, а да не правиме муабет за на пролет кога во ова натпреварување ќе дојдат екипи како Дортмунд или Тотенхем, Рома или Атлетико и можеби Севиља или Монако. Ваков успан Милан во дуел со некоја од овие екипи ќе го изеде стапот до тој степен што бламажите на Рома во ЛШ ќе изгледаат како најнормален резултат.
За во јануари покрај Кака (уште овој ни фали за циркузот да биде комплетен) се спомнуваат како засилувања и некои анонимуси како Лука Лима од Сантос (?) и Фофана од Удинезе. Со овој начин на работа нема дилема дека тимот одново ќе се наполни со просеци кои подоцна нема да може никој жив да ги избрка и одново ќе дојдеме во ситуација да имаме 30 играчи во тимот, а да не може да составиме една асална 11ка. Наместо да се насочат кон проверени и класа играчи кои по автоматизам ќе направат разлика и ќе ја кренат играта за неколку нивоа, они продолжуваат онаму каде што застана Галијани со Констант и Ачерби тип на трансфери.