Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Супер е шо се изборивме за лига европа место, можеби не е натпреварување за Милан од предходната деценија, за овој Милан моментално и тоа како е, а и со новите играчи што се спомуваат (ако дојдат), тоа ќе е одличен тест за нив кој горе долу и не виделе нешто повеќе од лига европа, а можеби ни тоа.. Освен Мората што го спомвите ама мислам дека полесно би го донеле Белоти одколку Мората или можеби зошто јас повеќе сакам да дојт тој. Кога би играле финале во европскиов куп јас би бил подеднакво среќен како за ЛШ, долго време не сме играле во сред недела. Не смее да се поценува ова натпреварување во никој случај, ето и да се избориме до вгодина за ЛШ место, ако новите играчи или ето новиот Милан не може да биде конкурентен во ЛЕ, како ќе бидеме конкурентни во ЛШ? Како ќе привлечиме играч ко Модрич пример да дојт кај нас? Некогаш и парите се џабе, ние долго време сме без никаква значајна титула, гладни сме и сакам во све шо ни се пружит шанса да се вложит максимумот од играчите.
 
Ако изборивме квалификации не значи дека и ќе поминеме. Има противници кои ќе прават проблеми. Евертон, Лион, Марсеј, ПСВ, Херта, Реал Сосиедад, Зенит,...

И скај потврди дека Мората ни е прва трансфер цел.

 
Последно уредено:
18581996_623853841154914_6336230516899755275_n.jpg
 
Како бе Белоти втора опција ако не успеат да го донесат Мората ?!
Како?
Ај земај го Белоти не играјте курот, оној нежниот 60 милиона ќе го платат, не дека ќе ми смета да го земат, али според мене Белоти би требало да биде прва опција а нежниот втора.

Иначе @Forza Milan!!! немој брат да го браниш Галијани, едноставно немој, не се ни обидувај !

За Таувин немам некое мислење, не сум го глеал, ама од тоа што сум глеал типот не ми седи ка класичен шпиц него појќе крило ми седи, a има добри бројке годинава 15 гола и 8 асистенции.

Ете сеа прочитав уствари дека Таувин е втора опција у случај Балде да не се земе
 
Не го бранам точно усра некои трансфери потроши пари за глупости, ама последната сезона еве немаше никаков буџет. Друго е кога имаш одврзани раце и пари. А не да чекаш дозвола од стариот за трансфер на играч од Џенова, Киево итн. :)
 
Како бе Белоти втора опција ако не успеат да го донесат Мората ?!
Како?
Ај земај го Белоти не играјте курот, оној нежниот 60 милиона ќе го платат, не дека ќе ми смета да го земат, али според мене Белоти би требало да биде прва опција а нежниот втора.

Иначе @Forza Milan!!! немој брат да го браниш Галијани, едноставно немој, не се ни обидувај !

За Таувин немам некое мислење, не сум го глеал, ама од тоа што сум глеал типот не ми седи ка класичен шпиц него појќе крило ми седи, a има добри бројке годинава 15 гола и 8 асистенции.

Ете сеа прочитав уствари дека Таувин е втора опција у случај Балде да не се земе
Во марсеј го неам гледано ама дечково во Њукасл беше донесен како големо засилување и страшно флопна па го вратија назад. Ништо чудно да испадне ко Окампос ако дојде. Мора да се запне за Кеита.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Последно уредено од модератор:
Не го бранам точно усра некои трансфери потроши пари за глупости, ама последната сезона еве немаше никаков буџет. Друго е кога имаш одврзани раце и пари. А не да чекаш дозвола од стариот за трансфер на играч од Џенова, Киево итн. :)


Тевез никад нема да му ги простим, тоа беше неспособност на ниво, после тоа фијаско го изгуби цел кредибилитет у европа што го имал !
 
Fassone and Mirabelli are expected to head to Rome today, with Lucas Biglia being the potential target [Sky].
 
Веќе повеќе од месец дена се во контакт со неговиот агент и можно е да го земеме ако не го продолжи договорот. Демек сабајле имале среда со агентот. :unsure:
Можно е да се преговара плус и еден од Кеита и Де Вриј. Исто и тие се при крај на договор.

 
Најтрагично од се е тоа што и тие малку пари што се трошеа за играчи до минатото лето се пари кои што се апсолутно погрешно потрошени. За апсолутно бескорисни играчи како Лападула, Соса и Бертолачи се потрошени 40м, а еве сега гледаме дека со тие пари може да се донесат пристојни играчи како Мусачо и Родригез. Слободно можам да кажам дека од 2007 година па наваму Берлускони и Галијани целосно се изгубија во водењето на клубот и со самото тоа што го прескокнаа оној период на смена на златната генерација до таа година направија тимот да тоне се повеќе и повеќе од година во година. Дури и она што вредеше од тоа време па наваму (Ибра&Силва) го пуштија да си оди за ситна пара во време кога на трансфер пазарот секакви ветрушки коштаа по 50-80м евра.

Што се однесува до она прва/втора/трета опција за напаѓачи со кои што не поврзуваат, јас би играл Обамејанг/Белоти/Мората со таа разлика што ми е сеедно кој од првиве двајца би го донеле, но под услов носењето на таков играч да не значи и крај на трансфер пазарот за нас. Колку се реални овие опции за напаѓач во Милан е сосема друго прашање. :)

Модрич во Милан да видам не верувам. :D Не знам што треба да се случи за таков играч да дојде кај нас дури и да го пуштат од Реал од едноставна причина што во секој момент ќе има барем 5 тима што би го сакале него во тимот. Јас и со Фабрегас би бил презадоволен. :D

п.с Само се надевам дека муабетите за Кеси и Родригез пред се и понатаму оние Кеита, Таувин и компанија не се измислица од медиумите кои до сега не поврзаа со 100 играчи.
 
За апсолутно бескорисни играчи како Лападула, Соса и Бертолачи се потрошени 40м, а еве сега гледаме дека со тие пари може да се донесат пристојни играчи како Мусачо и Родригез. .
Брат ти нема врска ова, како бескорисни играчи кога Лападула газеше у Серија Б, Соса беше најдобар играч у Бешикташ, Бертолачи у Џенова исто.... донесени беа ко пристојни играчи ка сеа што ги сметаш Мусачо и Родригез ама што не се вклопија у Милан тоа е друго...
Од кј знаеш Мусачо како ќе изигра или Родригез? Што ако Палета игра пред Мусачо ? Ќе биде кукање после овде пак залудно фрлени пари...
 
Брат ти нема врска ова, како бескорисни играчи кога Лападула газеше у Серија Б, Соса беше најдобар играч у Бешикташ, Бертолачи у Џенова исто.... донесени беа ко пристојни играчи ка сеа што ги сметаш Мусачо и Родригез ама што не се вклопија у Милан тоа е друго...
Од кј знаеш Мусачо како ќе изигра или Родригез? Што ако Палета игра пред Мусачо ? Ќе биде кукање после овде пак залудно фрлени пари...

Види го само болдот и ќе сфатиш зошто се бескорисни играчи за кои уште од сам старт е јасно зошто се фрлени парите за ништо. :) Серија Б - лига во која што играат исклучително слаби тимови кои по влегувањето во Серија А се за 3 класи послаби од сите останати тимови и експресно се враќаат назад во истата таа мизерна лига со минимални исклучоци. Вчера баш бев дома поручекта и ај викам да го ѕирнам малку мизерниот Милан кој демек не можеше да победи со идните второлигаши...за формацијата што не функционира никако срамота е да се дискутира, но Лападула колку беше мизерен срам ме фати па ако сака уште 1000 голови нека даде од пола метро. Човеков нема ништо фудбалско во него и треба да излета од клубов пред Поли на пример. Што се однесува до Бешикташ и од година во година се послабата Џенова стварно не знам што да кажам освен дека многу ти/ви опаднал критериумот за тоа што значи добар играч. Јас можам да се согласам дека Соса и Бертолачи се добри играчи во споредба со Поли, оној Траоре што беше кај нас или играчи како Констант и Месбах, но да не заборавиме дека во не така далечното минато за добри играчи во Милан се сметаа Пирло и Сидорф, Шева и Кака, Неста и Стам, Малдини и Кафу итн. Ако сакаме стварно сериозен Милан што од наредна сезона ќе се бори за место во ЛШ тогаш мора трансферите на Лападула, Соса, Окампос, Мати итн да бидат последни трансфери од таков вид дури и кога станува збор за пополнување на клупата за резерви.

За Родригез ако игра како лев бек убеден сум дека ќе биде топ трансфер за нас од едноставна причина што со години веќе немаме играч на таа позиција и не верувам дека може да одигра послабо од Де Шиљо или она глувчето Вангиони, а ако Мусачо дозволи место да му фати некој од ретардираниот во мозок Палета или Запата што ја промашува топката на секоја утакмица ќе треба и тоа како да кукаме и плукаме по новата управа заради тоа што направиле исклучително лоша проценка при бирањето на партнер на Ромањоли.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom