Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
може и поулсен не е проблемСандро и Лукас Леива замена за Де Јонг![]()
може и поулсен не е проблем![]()
абе и за ибра тешко дека некој ќе дадеше 20 милиони, али ете дадеОК... Колку пари треба да дадат за ДЈ, а тоа да не е смешна сума? Фудбалер кој е доста ограничен и може да придонесе само дефанзивно, има 30 години и само уште една година од договор (сега се надевам дека договорот ќе му биде продолжен)? Вртете го муабетот колку сакате, повеќе од 15 милиони тешко некој да даде за него. Па Милан го зема за 3 милиони некаде...![]()
незнам кај си ја видел лошата игра на ДЈ од кога е дојден игра на ниво и ја завршува работата за што е земен... Покрива , трча ,одзима топки...за тоа беше и земен а за да биде како Пирло или Монтоливо....ако некој играше доста лошо на периоди тоа беше Монтоливо а не Де Јонг...ОК... Колку пари треба да дадат за ДЈ, а тоа да не е смешна сума? Фудбалер кој е доста ограничен и може да придонесе само дефанзивно, има 30 години и само уште една година од договор (сега се надевам дека договорот ќе му биде продолжен)? Вртете го муабетот колку сакате, повеќе од 15 милиони тешко некој да даде за него. Па Милан го зема за 3 милиони некаде...
Може да погледнеме и од друга страна. Првата негова сезона, додека да се повреди Милан играше многу лошо, всушност откако Монтоливо почна да игра како региста дојдоа и добрите резултати, а и добрата игра. Од кој знае кое место, Милан стигна до трето место. Минатата сезона повторно со ДЈ и повторно никаква игра и лош пласман. И нешто не сум сигурен дека Милан малку примаше голови со него. И на поставена дефанзивна формација и на контри Милан примаше голови.
Веќе чувствувам изнервираност...Добро, да смирам страсти. Не мислам дека ДЈ е најголемиот виновник, но дајте да не се правиме слепи. ДЈ е голем борец, знае да игра дефанзивно добро, врши доста работа, НО многу е важно какви играчи има околу него, посебно ако игрa ДМ во формација како нашата со тројца играчи во средина, друго е во формациите со двајца, тоа повеќе му одговара. За да има шанса да изгледа добро средината со него потребни се што повеќе брзи, динамични и креативни фудбалери околу него. Сетете се како изгледаа лошо со Монто. Тој никогаш нема да може да започне напад како Пирло, Монтоливо, но ниту како Ван Бомел. ВБ имаше подобра пас игра, но и превземаше одговорност. На ДЈ пасовите најчесто му се враќање кон одбрана или некој лесен хоризонтален пас, напред многу тешко.
Како повеќе игра во Италија се повеќе станува тактички зрел, искрено кога дојде беше смешен на тој план. Тоа е позитивна работа, која може да придонесе подобро да изгледа и средината, а се надевам и дека со Бибер и Бонавентура тој ќе знае да се снајде подобро. Бибер е некој што би требало да е солиден како длабок плејмејкер, а Бонавентура е динамичен, агресивен играч, но и технички е добро поткован... плус и двајцата превземаат одговорност.
Може да се размисли уште ншто, ДЈ да не игра како региста, што би кажале во Италија, туку како Гатузо... Но, не сум сигурен дека ова ќе изгледа добро, но би можаело да пробаат.
П.С. Јас не сум Баба Ванѓа па да знам дали во него има уште 4 години врвен фудбал, иако не верувам. Освен ако му била наклонета природата, затоа што тој не е Пирло, не се ослонува на технички способности, туку на физички...
незнам кај си ја видел лошата игра на ДЈ од кога е дојден игра на ниво и ја завршува работата за што е земен... Покрива , трча ,одзима топки...за тоа беше и земен а за да биде како Пирло или Монтоливо....ако некој играше доста лошо на периоди тоа беше Монтоливо а не Де Јонг...
Ако гледаш така ни пирло ни монтоливо неможат ни приближно да покријат дефанзивно и да освојуваат топки како што прави ДеЈонг... врти како сакаш Де Јонг ни е најдобар играч од средина што го имаме... Ајде еве да си отидеше кажи ми кој ќе ја пополнеше таа дупка што ќе ја оставеше заминувањето на де Јонг? немој само кристанте да го спомнуваш јез да е талент детото и има потенцијал ама далеку е за да има голем удел во играта сега и далеку е од тоа дека може цела сезона прв тим на ниво да ја изигра....
Незнам зашто воопшто роналдињо го спомнуваш кога далеку е од иста ситуација со де јонг....Роналдињо пред да дојде во милан освои се што можеше да се освои...и индивидуално и на репрезентативен и на клубски план....роналдињо изгуби желба да игра... едноставно беше сит ....и нормално дека нема да игра ко што играше и на 30че си отиде да си го лади во бразил....така да далеку е ситуацијата на де јонг од неговата...башка ти спомна за пирло и монтоливо ја само ти дадов пример како твојот....На ТВ гледајќи ги натрпеварите на Милан. Уште на првиот натпревар се виде дека ќе му треба време да се прилагоди на италијанскиот фудбал, кога веќе почна да дава некакви знаци тој се повреди. За играта таа сезона со него и без него, како изгледа тој во нашата средина, па и со Монтоливо, веќе пишував, па да не се повторувам многу.
Ние имаме проблем и околу дефинирање на тоа што е добро изиграно. Ти велиш дека ДЈ против Лацио изиграл супер. А беше еден од полошите на тој натпревар. Цела средина изигра лошо, ако веќе некаде бараш светла точка, а да е играч од средина, тогаш тоа е Мунтари, додека Поли (засега големо разочарување, се надевам дека ќе почне да игра подобро, мислам дека може) и ДЈ беа доста лоши. Нека не те залажува резултатот...
И кај велам дека не трча и дека не одзема топки?! Еве ако не сум потенцирал некаде, сега ќе напишам: ’ДЈ трча и одзема топки’. Но што со тоа, дали со тоа паѓа во вода се што напишав? Мислам дека не... прочитај повторно и ќе видиш зошто мислам така...
Остај тоа лицитирање со имиња... Јас ќе напишам Х, ти ќе ми кажеш нема шанси, па некој Y, па немале да ни го дадат и така до бесконечност....
Според мене ДЈ не е најдобар наш играч во средина. За мене тоа е Монтоливо. Можеби е прашање на вкус... небитно.
Минатата сезона можеби беше најдобар, но тоа беше еден од најголемите проблеми на Милан.
Да се вратам на тоа трча, одзема топки, т.е. на квалитетите на ДЈ. Пишував еднаш тука дека многумина фудбалот го гледаат како пинг-понг, односно гледаат само таму кај што е топката. Па така се расправав со многумина дека отстранувањетона Роналдињо е добар потег, затоа што тогаш веќе престана да биде фудбалер, а стана само жонглер-боем.Исто лош начин е ако фудбалот се гледа како збир на индивидуалци (така го гледа нашиот Пресиденте), а во овој случај ДЈ го гледаме како посебен елемент, надвор од групата. Затоа објаснував како изгледа ДЈ во целиот тој мозаик, а ти постојано сакаш да го гледаш само како поединец, како да се работи за тенис, а не за фудбал.
И не мора ако си оди ДЈ да дојде друг ист таков фудбалер. Па и желбата на Пипо беше да се доведе фудбалер со поинакви карактеристики.
Јас повеќе би сакал да имаме изгредано средина како Јуве и Рома, каде скоро сите играчи се поливалентни. Во нашиот случај тоа би значело Монтоливо во центар и двајца Б2Б играчи околу него или некој како Чаби Алонсо, Де Роси во средина, еден доста креативен играч од една страна, а Б2Б играч од друга страна.
И на овие два начина се постигнува дефанзивна сигурност, не мора да имаш играч како ДЈ во тим. Важно е како ќе биде склопен целиот тим, како целиот тим ќе се брани. Па дури и Иниеста, кој е офанзивен играч од среден ред одлично чита игра и доста помага кога Барса ќе изгуби топка во напад. Без разлика дали е одбранбен играч или напаѓач. Пато беше глуперда, никогаш не научи да чита игра. Не само кога треба да врши пресинг, туку и кога треба да земе учество во акција... не знам, имаше некое без врска движење. Забегав малку..
Токму во ова што е важен целиот тим, гледам и шанса ДЈ да се вклопи повеќе ова сезона. Не само што има нови играчи кои можат да играат со него во средина, сега Милан има и динамични крила како Шарави и Менез...