Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Де јОнг да си идел пред кристанте... и тоа за смешни 12 милиони....:facepalm: де јонг има во него уште 4 сезони одличен фудбал...и незнам што ви се годините проблем кога бомел до 35 играше во милан на врвно ниво...само да нема некоја посериозна повреда де јонг ќе си тера уште 4 години сигурно ...

Да си отидеше ќе имавме огромна дупка во средината како што ни е сигурна и одбранта уште бетер ќе бевме и пак по 2 гола на натпревар ќе примавме...
 
Срамота е 5 мил да се на рати.
зошто срамота?
ти не би сакал некои најкерици од 4000 да ги земеш на две рати?
сигурно сакаш и замисли некој од позади тебе да ти се смее или пак продавачот чудно да те гледа у стилот срамота е да земеш патики од 4000 на две рати :cautious:
веќе ништо не е срамота другарче, све е бизнис ;)
 
Де јОнг да си идел пред кристанте... и тоа за смешни 12 милиони....:facepalm: де јонг има во него уште 4 сезони одличен фудбал...и незнам што ви се годините проблем кога бомел до 35 играше во милан на врвно ниво...само да нема некоја посериозна повреда де јонг ќе си тера уште 4 години сигурно ...

Да си отидеше ќе имавме огромна дупка во средината како што ни е сигурна и одбранта уште бетер ќе бевме и пак по 2 гола на натпревар ќе примавме...

ОК... Колку пари треба да дадат за ДЈ, а тоа да не е смешна сума? Фудбалер кој е доста ограничен и може да придонесе само дефанзивно, има 30 години и само уште една година од договор (сега се надевам дека договорот ќе му биде продолжен)? Вртете го муабетот колку сакате, повеќе од 15 милиони тешко некој да даде за него. Па Милан го зема за 3 милиони некаде... :)

Може да погледнеме и од друга страна. Првата негова сезона, додека да се повреди Милан играше многу лошо, всушност откако Монтоливо почна да игра како региста дојдоа и добрите резултати, а и добрата игра. Од кој знае кое место, Милан стигна до трето место. Минатата сезона повторно со ДЈ и повторно никаква игра и лош пласман. И нешто не сум сигурен дека Милан малку примаше голови со него. И на поставена дефанзивна формација и на контри Милан примаше голови.

Веќе чувствувам изнервираност... :) Добро, да смирам страсти. Не мислам дека ДЈ е најголемиот виновник, но дајте да не се правиме слепи. ДЈ е голем борец, знае да игра дефанзивно добро, врши доста работа, НО многу е важно какви играчи има околу него, посебно ако игрa ДМ во формација како нашата со тројца играчи во средина, друго е во формациите со двајца, тоа повеќе му одговара. За да има шанса да изгледа добро средината со него потребни се што повеќе брзи, динамични и креативни фудбалери околу него. Сетете се како изгледаа лошо со Монто. Тој никогаш нема да може да започне напад како Пирло, Монтоливо, но ниту како Ван Бомел. ВБ имаше подобра пас игра, но и превземаше одговорност. На ДЈ пасовите најчесто му се враќање кон одбрана или некој лесен хоризонтален пас, напред многу тешко.

Како повеќе игра во Италија се повеќе станува тактички зрел, искрено кога дојде беше смешен на тој план. Тоа е позитивна работа, која може да придонесе подобро да изгледа и средината, а се надевам и дека со Бибер и Бонавентура тој ќе знае да се снајде подобро. Бибер е некој што би требало да е солиден како длабок плејмејкер, а Бонавентура е динамичен, агресивен играч, но и технички е добро поткован... плус и двајцата превземаат одговорност.

Може да се размисли уште ншто, ДЈ да не игра како региста, што би кажале во Италија, туку како Гатузо... Но, не сум сигурен дека ова ќе изгледа добро, но би можаело да пробаат.


П.С. Јас не сум Баба Ванѓа па да знам дали во него има уште 4 години врвен фудбал, иако не верувам. Освен ако му била наклонета природата, затоа што тој не е Пирло, не се ослонува на технички способности, туку на физички...
 
Последно уредено:
Нема Де Јонг уште 4 али уште 2 добри сезони има во него. На негова позиција си е еден од најдобри у свет нема логика да го продадат за 12 милиони. Ко Рома сеа да го продадат Де Роси за 12 пошо стар бил :icon_lol:. Добро Де Јонг не е легенда на клубот али ипак е многу важен играч и што е најбитно за овој Милан е константен, не му зависи формата од денот дали му се погодил или не ко пола играчи што ги имаме.
 
Никако да го сфатите што ви збори Hm_Hm а убаво пишува човекот.

Формацијата 4-3-3 што ја игра Милан прави Де Јонг да не се чувствува удобно и да не го дава максимумот ко што пример би го давал у некоја друга кај што само двајца би играле во средина.

Кристанте си беше измислен за региста позицијата ама џабе ќе ломотам сега.

12м евра за Де Јонг одма требаше да потпишат и сигурен сум дека Галијани можеше да донесе еден од Сандро/Лукас Леива кои би биле покомотни на таа позиција.
 
Брат, не зафркавај, не може да се споредуваат Де Јонг и Де Роси. Добро имаат и двајцата ДЕ пред презиме, но Де Роси е најдобриот фудбалер за ДМ веќе подолг период (посебно со тројца во средина), тешко се наоѓа таков фудбалер, штета за неговата кариера што остана во Рома...
 
Добро бе што се праите улави не ми е јасно ? и да го продадоа Де Јонг за тие пари...мислите замена ќе донесоа? дај немојте да се смешни...исто пари ќе потрошеа колку што потрошиа од балотели....

Најдобриот играч од средина да си го пропдадеш е еднакво на самоубиство за овој милан... не му било удобно да игра во 4-3-3? што му фалеше против лацио не ми е јасно...на таа позиција играше па супер си изигра... и за кристанте незнам што е толку фрката...сам си отиде никој не го избрка...бараше повеќе време за игра си го доби во бенфика.... Башка кој си отишол така младинец од милан ретко успеал....

Еве ги Абемајанг и Дармаин може некако да се каже дека до негде успеале...ама не заборавајте дека Абемејанг се влечеше по клубво скоро 5 сезони за на крај да успее во франција...Дармин исто така 4 сезони му требаа за да прерасне во играч и да биде повикан во репрезентација...ама ево го уште е во торино.... Милан нема време да чека толку за кристанте...на Милан сега му се потребни резултати а не за 4-5 сезони...
 
Манете ги трансфериве, битна тоа, ете Закардо и Есиен останаа, не знам што сакате поише куров :D

Мене друго ми е сеа , под услов да се форсира игра со контри како што видовме со Лацио, каде е тука Торес, мене уопште не ме убедува дека би се снашол во контра напади кога мора да се префрла топка за 3-4 секунди од една половина во друга.
Бателете го во Челзи, еве и да речеме дека некои од аномалиите од таму ќе ги отстрани(како неконцентрација, чкартливи дриблинзи и смешно лоши штопови) јас и во Ливерпул не го памтам како најбрз и најспретен со топка, како за повлекување контра така(еве нема он тоа да го прави) и позиционирање при терање на контра.
Не го гледам него како профил на напаѓач што би извадил максимум од такви ситуации.

друго што праите, ве наврна ли прееска хехехее :icon_lol:
 
Daleku od odlichen e torres u kontra napad situacii, no mislam vaka gledano e podobar od balotelli u toj segment, koj mnogu solirashe, bezideen bese, i sutirase od neizgradeni pozicii, so nego igrata ne idese techno. Ocekuvam podobruvanje so torres, plus sega imame pogolema konkurencija so menez i vleguvanje vo forma na honda.
 
Ме пресече Курајбер, а таман бев спремен да пишувам уште за средината со ДЈ и без него... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom