Абе (наводното) одбивање за Дестро и Мартинез не мора да значи ништо. Знаеме дека кога е Порто во прашање, кај нив не постои играч кој е недопирлив. Секогаш кога ќе добиеле добра понуда или кога играчот ќе притиснел да си оди, ги продавале и своите најдобри играчи.
Е сеа, друг проблем е тоа што ние сме импотентни коа се работи за така битни трансфери. Дури и навистина да изјавил така претседателот на Порто, сигурно дека ако добие добра понуда ќе го дае Мартинез. Скоро му го продолжи договорот и ја смали висината на клаузулата за откуп. Тоа е назнака дека размислува за продавање. Со Фернандо, пред да го дае во Сити, направи сличен штос. Му продолжи договор, убаци клаузула и зеде појше пари за трансферот.
Ма да, јас поучен од претходните искуства, се сомневам дека Милан е во ситуација и има можности да дае понуда која Порто не би можел да ја одбие. Евентуално, тука може да биде битна желбата на играчот да дојде во Милан, која, во моментов не гледам зошто би постоела.
Тоа дека Мартинез сака да си оди од Порто е јасно, затоа и доби нов договор со помала клаузула. Тоа дека баш би притиснал за во Милан, а со тоа би ја појачал позицијата на Галијани - не сум сигурен, не верувам баш.
Што се тиче Дестро, ни таму не гледам зошто Рома би сакала да го продаде, поготово на Милан. Ниту е лош играч, ниту им е вишок во тим. Можда ако оцениле дека има чести проблеми со повреди, па да пробаат да ни го подметнат и да се ослободат додека се уште држи цена. Ниту во тоа не верувам многу.
Фино беше ден - ден-ипол - два додека не поврзуваа со сериозни засилувања. Помлади ако ништо друго. Баш заради тоа, меѓу другото ми се прифатливи и Дестро и Мартинез и Лаказет и Рабиот и Ван Гинкел. Барем дозволува да си оптимистичен.

Сеа, најверојатно ќе се вратиме на старата приказна - дотраени и истрошени, полу-живи играчи кои ги бркаат од своите тимови. 30+. Као Торес рецимо. И ќе најдат и други сигурно, махери се за такви. Ехее Ето, Адебајор, Калу, Виља..
Не ја сфаќам поентата. Земаш играч со голема плата кој во најдобар случај за година ипол ќе пријави инвалидски статус, ќе сакаш да го продадеш, неговата висока плата ќе ти биде пречка (изговор) за други трансфери и ќе се мачиш да најдеш некакво решение за него (како за Робињо и Кака на пример). И пак се од поново.
Торес има плата од 9 милиони по сезона. Совршено го исполнува условот: “Фернандо толку многу сакаше да игра во Милан, од дете сонувал за тоа, што дури и прифати драстично смалување на платата“. И ние оп - паѓаме во несвест.
Реков во еден пост на почетокот на летово, ќе повторам пак. Страшно е битно какви потези ќе повлече Милан сега. Има шанса, АКО САКА, да покаже дека навистина почнува нов циклус. Ете, ги продаде оние кои имаа највисока плата, е во ситуација да бира нивни замени, епа ајде да видиме што ќе донесе.
Не дека Рабиот, Ван Гинкел, Лаказет, Лестиен или Даглас Кошта и слични со сигурност ќе станат класа, ама барем со нивно ангажирање Милан ќе покаже дека има сериозни намери за почнување на нов циклус кој толку го најавуваат со доаѓањето на Пипо.
Обратно, со Торес, Ето, Калу, па и Лавеци ќе покажат дека апсолутно ништо не се сменило, дека се тера истата приказна и дека од наредно лето пак мака ќе мачиме со истраени играчи со висока плата кои нема да можат да се продадат никаде.
Јас лично, од досегашниот трансфер пазар на Милан не сум нималку задоволен. Единствено ме задоволи што добар дел од ѓубрето исчистија, ама тоа е половично само. Ќе бидам задоволен ако сеа барем некои од многуте празнини кои ги имаме, ги пополнат со млади и перспективни играчи.