После долго време, here I am.
Не поврзуваат со Итурбе за 28 милиони. Незнам дали ова се некакви игри или нашиве стварно се спремни толку да платат за него. Претпоставувам дека ако биде купен Итурбе, Балотели ќе биде даден у Англија за 35-40 милиони, со тоа што ќе се купи уште еден напаѓач (зборам ова најлогично ми делува). Искрено многу е коцка да дадеш 28 милиони за него, а кога веќе лани имавме шанса Ериксен и Стротман да ги земеме за истите пари. И двајцата се покажаа како добри инвестиции. Или пак Мамаду Сако и еден од погорниве(можевме и таква комбинација да направиме).
Реално, Балотели (супер играч и плус млад) беше земен за 24 милиони. Сеа јеби га, нема у главата, и у лошо време дојде у Милан(кога клубот е у најголемите срања последниве 20-30 години), ама чисто за споредба какви играчи сме зимале за помали пари од тоа што Верона бара за Итурбе.
Радува фактот што нашиве се спремни да дадат 28 милиони, сега неможеш никад да знаеш, можеби ќе блесне, можеби ќе се повреди и ќе му ојде кариерата у курац, секад е ризик со таквите играчи.
Али ја би прифатил да се продаде Балотели за Итурбе (или некој таков) плус напаѓач еден да купиме, така би имале далеку супер средина (и напад) за Серие а.
Но, пак останува главниот проблем не решен - одбраната. Треба двајца играчи да се најдат за таму (со тоа што Де Шиљо и Рами би останале и би биле прва постава)... Значи лев бек и централен.
Ипак мислам дека се ова би следело после продажба на Балотели. А ако не се продава Бало, не веруам дека ќе дадат идиотите толкава цифра пари за некој играч.