Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Заки за Скај потврди дека се работи на негов трансфер во Турција. А и на твитер има слика од авионски билет, демек на 4-ти јули ќе лета за Турција. :cautious:
 
Констант , Емануелсон, Закардо си одат, остануваме со Абате и Шиљо само на бекови. Да можат да ги донесат Дармиан и Сантон би било :drk:
 
Roma set to land Emanuelson
AC Milan utility man Urby Emanuelson will undergo a medical at Roma on Tuesday ahead of his move to the Italian capital on a three-year contract. The Rossoneri are willing to let the Dutchman leave for free.

Source: Gazzetta dello Sport[DOUBLEPOST=1404322464][/DOUBLEPOST]
 
Констант , Емануелсон, Закардо си одат, остануваме со Абате и Шиљо само на бекови. Да можат да ги донесат Дармиан и Сантон би било :drk:

Аман со Сантон, едино ако го продадат Аботот на ПСЖ може да го земат вака не ми се верува.
Констант си оди? кај го прочита ова? Јас видов дека Инзаги сака да го задржи него.

Ноче во Торино, а агентот на Бирса сабајле изјави дека најзаинтересирани биле Киево но и Рубин го сакале.
 
беа доста загреани Торино мислам дека можеа да им го подадат за топтан вака ако не се докаже ќе ни го вратам и пак в година исти главоболки... како и да е прешкртуваме уште еден на листата... Бирса,Есиен,Матри,Робињо,Констант и мислам тоа е тоа... ако не заборавив некој
 
Аман со Сантон, едино ако го продадат Аботот на ПСЖ може да го земат вака не ми се верува.
Констант си оди? кај го прочита ова? Јас видов дека Инзаги сака да го задржи него.

Ноче во Торино, а агентот на Бирса сабајле изјави дека најзаинтересирани биле Киево но и Рубин го сакале.
Kонстант најверојатно ќе биде понуден во замена за Армеро
 
реално.. 28 милиони за детево не вреди ама ич. Лани беше изгубен германец во Порто од 17 утакмици 3 гола и 2 асистенции против боси екипи. Годинава од 33 утакмици 8 гола и 5 асистенции од кои скоро сите против последните рангирани екипи Болоња, Ливорно... Единствено против Фиорентина дадол гол и асистенција.

и покрај тоа што Ламела не се снајде во Премиер, сеуште мислам дека моментално за во Серија А
Ламела > Итурбе. А пак Санчез е друга приказна.
Ламела ми го има тој победнички карактер. Подобро нека го земат Јуве овој, а ние Ламела ако можиме со тие 28 милки да го земиме многу подобро ќе биди. Само што Тотенхем алчните не го даваат за толку пари.
 
сме биле заинтересирано за Бакали од псв...има договор до 2015 и сега може да се земе за 5-6...има само 18 години и голем талент е....ете бек ап опција за Итурбе и тоа не толку скапа
 
Ако сака да игра во Јувентус, нема тука што да се направи. Ако ништо друго, барем Милан направи да го платат повеќе. Демек немало да лицитираат од Јуве... А до сега два пати ја покачуваа понудата.

Дали вредел толку? Не знам, но и нема други такви фудбалери на пазар за таа цена. Лавеци ќе чини помалку, но ќе има барем дупло поголема плата. А за четири години нема ништо да вреди, додека на Итурбе може да му се зголеми цената. Квадрадо вреојатно е 35-40 милиони.

Во холандската лига има сешто, но со фудбалери од таа лига ризикот е поголем.
 
Верона си ја зголемува цената сега бараат 27 мил, a ни се "тепаме" со Јувентус. :D
Мислев дека ќе го дадат за 20+ бонуси. Каде и да отиде го очекува голем притисок, тие милиони мора да ги оправда. Полесно му е кај нас затоа што нема никаква конкуренција.
 
Ниту Милан, ниту Јувентус, барем во последно време не се тимови кои се расфрлаат многу со пари. Од таа причина и од фактот дека сите изјави и проценки досега поврзани со потенцијалот на Итурбе беа буквално издигнување до небо, а и со оглед на тоа какви цифри и проценки се вртат на фудбалскиов пазар денеска, верувам дека Итурбе е блиску до тоа да вреди 20+ милиони.

Е сеа, нормално, постои ризик како и буквално во секој трансфер. За ниту еден не може со сигурност да се тврди дека ќе се исплати.
Кога веќе го спомнувате Ламела, би рекол дека е исто толку ризично да се плати 20+ милиони као и за Итурбе. Беше во Рома, изигра една сезона, замина во Тотенхем очигледно преценет, таму пак очигледно, небитно од кои причини почна да паѓа и прашање е дали ќе почне да се крева пак уопште.

Со ова не изразувам преференција кон Итурбе, само нагласувам дека ако збориме за ризик двата трансфера би биле ризични како и секој трансфер.

Со оглед на тоа дека овие цифри кои сеа се спомнуваат (28 милиони) за Милан се нешто што не можеше да се замисли во последно време, мене цела оваа работа ми е чудна и ја пратам баш со претпазливост.

Пишав еднаш, пак ќе повторам дека многу побитно од тоа дали ќе успеат да го договорат конкретно Итурбе или не, ми е тоа дали Милан стварно одлучил да ги потроши тие 28 милиони на еден играч. Ако стварно одлучиле тоа би било одлично. Па има и други кои би можеле да ги земат предвид ако не успеат да го договорат баш Итурбе. Слична цена имаат и Кевин Воланд од Хофенхајм, Јармоленко, Шаќири, па ете и Ламела и Гризман ако сакаат. Да не лупам имиња, можда некои од овие се поскапи/поевтини, ама сакам да кажам дека ако одлучиле да даат 28 милиони на Итурбе и ако не успеат, ете им, имаат други за кои можда би успеале.

Со тоа ќе се види дали ситуацијава со Итурбе е мачкање очи или реална одлучност квалитетно да се засили и подмлади тимот истовремено.

Меѓутоа, ако алтернативата за Итурбе е Лавеци, би рекол дека тоа би било ултра наивен потег.
Тоа би значело нов Робињо/Кака во тимот. ( според платата ). Не гледам логика во тоа да се мачиш да ги исчистиш Кака и Робињо од тим затоа што имаат голема плата, а да даеш 15-16 милиони ( најмалку за Лавеци) и да донесеш 29 годишен играч со сигурно иста плата (4-5 милиони), на кој за година две ќе му падне цената испод десет и никој нема да сака да ти го купи заради тоа што има големи примања.
Тоа ми е вртење во круг. Ако го земат Лавеци, можда ќе има една добра сезона и за две години пак нечиј трансфер ќе зависи од негово заминување, а тој ќе се влече и нема да можат да се најдат купци за него као ни за Робињо сеа.

Во ситуација кога Галијани (се надевам) работи на тоа да ги смали платите во Милан, да го исчисти ѓубрето и да го подмлади тимот со квалитетни играчи, не гледам никаква логика во носење на Лавеци. Тоа би било скроз исто као Кака да останеше.

Засега, ставот ми е: Ако одлучиле да даваат 28 милиони за млад и квалитетен играч, не ми е многу битно дали тоа ќе биде Итурбе ( ако не успеат, нека биде друг ) и категорично против носење на Лавеци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom