Малдини веднаш ќе дотрча во Милан, само треба да дозволи Галијани.

Бидејќи тоа е тешко да се случи, останува да чека Галијани да си оди. И ке дојде без разлика ’колку е саат’, па кога му понуди Барбара пред некој месец (а, веројатно некаква понуда уште важи), тој прфати со две раце, и татко му изјавуваше дека Паоло ќе биде дел од новото раководство. Но, избрза, тоа беше само една игра, која што ја играше Галијани, и барем во тој момент ја доби.
Не ги преценувајте легендите, понекогаш сакам само и да останат легенди, да не работат ништо друго, затоа што тогаш се руши таа скоро безгрешна слика што ја градиме за нив. Ајде Сидорф и не е толку тешко, но замислете Гатузо да е тренер и да не тргне добро работата, да треба да го пцуеш!?

Затоа бев и некои од нив да остават фудбал што побргу, да ги памтам во најдобро светло.
Тоа ти е како за личности од историјата. Звучи многу сурови, па и глупо, но излегува дека подобро што загинале млади, па немале време да се искомпромитираат. На пример Гоце Делчев во однос на Груев, Петров, Сарафов, Татарчев. Или некои борци против комунизмот кои после падот на тој режим дојдоа на власт, за разлика од оние кои поради некоја причина не дочекаа такво нешто.