Ее тек сеа ќе биде што ќе биде.
Или ќе паднеме во дупка поголема од моменталнава, нема да видиме светло со години и ќе се радуваме на првото трето место на табела по многу години, таму некаде 2018/19 година, или ќе напраат квалитетен рез, ќе го тргнат сето ѓубре насобрано во тимов, од тип Бирса, Констант и компанија, ќе донесат млади играчи со потенцијал кои колку - толку ќе ни влеат надеж дека Милан може да се врати барем на 60-70% од старата класа.
Ептен наеднаш некако се деси ова и скроз ми е погрешен пристапот. Не гледам логика во тоа да се промени раководството, а да се чува тренерот, иако мислам дека без поддршката на Галијани, Алегри ќе биде во Милан најдолго до јануари.
Не гледам ни како ќе го решат прашањето за негов наследник со оглед на тоа дека сите кои се спомнуваа се под договор со нивните клубови и фактички треба да се купат, што би одело многу тешко. Малдини е слободен, ама се надевам дека нема нему да му ја даат позицијата на ЦЕО.
Мене некако фаворит ми е Албертини. Не дека се разбирам и знам да објаснам зошто ми е фаворит, ама ми е..
Ѓаволска задача остава Галијани зад себе. Неговиот наследник ќе мора да живее и работи со неговата сенка над себе, затоа што го наследува најверојатно еден од најдобрите менаџери во фудбалот досега. Се надевам дека ќе најдат наследник дораснат на задачата.
Ова е промена која е скоро рамна на продажба на клубот, јас, навивачки, се надевам само дека новото раководство брзо ќе се приспособи и консолидира и дека тоа нема премногу да влијае на перформансите на Милан, затоа што ако ни се деси пад од неколку сезони на средина од табела и без ЛШ, се потешко ќе биде да се вратиме горе.
Адриано Галијани, тебе фала ти за се, овој Милан за кој јас навивам и кој ми донел толку радости е твое дело, нервозите ќе ги заборавам. Мислам дека уште долго време нема да се појави маестро за твојата позиција као тебе.
Е Милане, тебе сеа со господ напред, не знам друго што да ти речам.