Добро е, поразот на страна, но се гледа прогрес, посебно треба да се обрати внимание на првото полувреме, во второто веќе мраше да се прават секакви експерименти, најмногу поради тоа што нема кој да игра во одбрана. Но, и тогаш ме изненадија со тоа што се трудеа да задржат топка и да направат нешто во напад, па и имаа шанси.
Челзи најмногу правеше шанси после грешки на Милан, неверојатно многу топку завршија во нивни нозе, посебно во второ полувреме. Откако изелезе Запата, а Де Јонг се умори тие грешки уште повеќе дојдоа до израз.
Но, ме радува што во прво полувреме се виде тим кој што има одреден систем на игра, кој што не игра на инцидент, на чекање на индивидуална инспирација на некој фудбалер, туку беа екипа во прав смисол на збор. Ова посебно се забележува кога треба да се справат со пресинг или да наметнат пресинг. Се примети тоа што Балотели и Монтоливо не беа долго време со екипата, посебно кај Бало, кој изигра лошо, можеби проблем беше што од него се бараше премногу да оди на крило. Но и двајцата се одлични фудбалери, со овој тим веќе беа минатата сезона, па нема да има никаков проблем со нив.
Да не беше Антонини, дури и слабата одбрана немаше да биде проблем. Запата изигра добро, се зборуваше за враќање на формата од Удинезе, но изгледа дека и напреднал. Силвестре мене дури и позитивно ме изненади, иако имаше помош од Запата и Де Јонг, подоцна кога се умори веќе беше друга приказна, тогаш се случи и онаа со Торес... Сепак, тој нема тгренирано подолг период, а има само еден тренинг со Милан. Но, јас уште сум скептичен кога е тој во прашање. Урби беше добар во прво полувреме, но и понатаму има проблеми со позиционирање, поради тоа не го ни пуштаа да игра лев бек, во второ имаше ептен проблеми. Де Шиљо и Констант треба да имаат предност, иако и Кевин одигра лошо.
Во средина Де Јонг добар додека не се измори, ме изненадува со некои долги топки. Солидна работа завршија со Монтоливо и Мунтари (освен неговите долги топки, иако имаше една феноменална длабинска топка кон Нианг во второ полувреме).
И Боатенг не беше лош, имаше интересни замисли на Алегри кога тој се враќаше поназад, а Монтоливо тргнуваше во напад. Иако Принцот си е доста лимитиран фудбалер, не може таа лимитираност да не остви трага на терен.
Ми се допаѓа и ’новиот Шарави’... Бев скептичен како ќе се справи со новите задачи кои ќе се бараат од него, но добро му лега ова играње во средина, слободно движење низ терен, а не само играње како крило, иако уште треба да работи.
Јас давам преодна оценка за ова што го видов (до) сега. Најголем проблем ќе биде клупата, тоа најмногу ме плаши, ако веќе нема да се доведе уште некој во одбрана (а, мора), тогаш барем нека засилат некој друг дел, веќе излегоа посериозни информации и така скоро секаде е потребна поголема длабочина.