Галијани сака да се игра со формација со користење на класичен плеј (10ка или трекватериста во 4312)
ама без играч со такви способности.

Ајде батали тоа можи че се потрефи малио.
Друга работа е тоа што најдобриот поединец Балотели никогаш не би се вклопил да игра осамен ЦФ напред. За таму е идеален Пацо, Матри, Гомез и слични Инзаги тип на играчи ама не и Балотели.
Ем немаме квалитетни играчи за таква формација ем немаат абер за носење нови играчи ем сакаат нова формација.
Барем лани знаевме што е како е и што ни фали на тимот. Годинава ништо, мамара.
1. ЦФ Балотели кизне како че се вклопи во новата формација
2. СС Шарави има играно како лево крило, и тој е знак прашалник како ќе се вклопи во новата позиција како втор напаѓач
3. АМФ Сапонара = дете со 0 искуство во серија А. Најверојатно ќе биди 2ра постава зад нашиот „најталентиран“ АМФ Боатенг.
4. ЦМ Монтоливо немам зборови за него. Барем тој ми е онака надеж за тимов.
5. ЦМ Поли го немам гледано до сега беше најавуван како наследник на Пирло, па разочара, па сега во Милан. Ај белки е подобар од Фламини
6. ДМ ДеЈонг реално после повредата мислам дека ќе биди втора постава некое време. Таму во меѓувреме ќе игра нашиот талентиран и тактички спремен Мунтари
Одбраната не ја коментирам, се надевам дека Мексес и Запата нема да киксираат, имам високи надежи за Констант и за Шиљо, а Абате доволно се докажуваше во Милан време е да си поседи малку на клупа.
Реално очекувам уште една чкљ сезона за Милан.