Не знам колку има вистина во ова што се пишува, но постојат некои работи за кои вреди да се промисли.
Дали овој тим може да направи нешто само со Ибрахимовиќ и Силва? Како одат работите додека се тие во тимот (или барем еден од нив) Милан нема да види ново екстра засилување, а таков тим може да освои Сериа А, но успех во Европа може да биде само ’случаен’, како на Челзи сезонава. Секој преоден рок ќе поминува во паника дали некој од нив ќе си оди, а Ибрахимовиќ ќе остаре во тимот со голема плата (која и си ја заслужува), па за некоја година ќе се најде повторно во ќор сокак, а со тим кој имал успеси само во Сериа А. Единствена опција е нешто да се погоди од примавера тимот.
Замена за овие играчи нема да се најде, но и европски успех само со овие играчи не може да се постигне. Затоа место секој преоден рок да живееме во неизвесност, можеби (не тврдам дека така е подобро) би требало сега да се направи тој рез и да се гради нов тим. Проектот за градење на шампионски Милан со Ибра (подоцна како неизбежен се наметна и Силва) некако паѓа во вода, за нови тршоци и нови големи плати не е спремно раководството. Планот постоеше, но изгледа се пресметале малку. Доведување на нови играчи со тие пари, а тоа нема да бидат само двајца, кои ќе земат помала плата, а сепак имаат квалитет и место за подобрување и правење темели за нов Милан е примамлива опција.
Најдобро е да останат Силва и Ибрахимовиќ и да се земе уште некое пристојно засилување, но тоа би било огромно изненадување кое сите го посакауваме, а баш и не се надеваме многу дека може да се случи.
П.С. Некој може да каже што ти е тебе гајле колку ќе даваат за трансфери и колкави плати, парите не се твои, а Берлу ги има нека ги троши. Да, не се мои, Берлу има, но клубот нема, па останува да ги гледаме реално работите...