Ако сакаме да бидат големи играчи мора многууууу повеќе да и се даде шанса и ако сакаме за брзо време да станат првотимци не да чекаме 27 па да ги развиваме веќе некои се по 20-22 години (а на тие години Малдини, Амброзини и Барези веќе беa стандардни)

или да ги даваат на позајмици во други екипи а они колку можат да научат од играчи од Лече и Џенова и сл eкипи? Ако планираат да купуваат готови играчи нема потреба да имаме младински тим ќе го собираме ѓубрето од секаде.
Го дадоа Астори се откажаа од него сега па го бараат назад, за наш играч да ни бараат 10 мил и тоа зашо оти навреме не го откриле неговиот талент и дале друг да го учи.

Сега го продадоа и Меркел кој е следен ќе видеме.
Да не беа повредите иста песна ќе беше како Анчелоти младите немаше да имаат никаква шанса.
Се додека Антонини и Месбах се здрави Де Шиљо нема да добие шанса да игра како лев бек, подобро му е на таа позиција на дербито мислев дека игра којзнае каков искусен играч.
Грешка му беше на Алегри тоа што на последниот натпревар со Новара не излезе со пола примавера па потоа некои да ги смени со легендите кои си заминаа па да се виде кој колку е спремен да игра со прв тим а не го игра Боатенг па се повреди.
Место да ги користиме нашите ние ќе се молиме за еден Верати кој до вчера се мочаше во гаќите сега го споредуваат со искусен играч бил новиот Гатузо бил овај бил онај и вредил мин 15 мил.

Па и Валоти со 10 натпревари по 10 мин во Милан ќе биде подобар од него и го изеде на едншка.