@Hm_Hm
Може збор два за моменталната ситуација со Курва Суд?
Јасно е дека Редбрд јавно отиде против нив откако им ја разби криминалната мрежа и тоа доведе до бојкот на голем дел од натпреварите.
Дали новата одлука да се банираат дел од ултрасите ќе доведе до тоа Сан Сиро да стане потуристичко место од тоа што сме навикнати? Скандирањата „Бари бари“ беа далеку погласни синоќа од било кој обид на нашата публика, и мислам дека би било погрешно ако не ја средат работата пред почеток на сезона. Од друга страна, Курва не се ни појавија на првиот тренинг натпревар во Миланело, како што е традицијата, така да нивниот став мислам дека е јасен.
Иако важам за најголем "американец", јас не се сложувам со доста работи што ги прават, најмногу околу спортскиот сектор. Нешто од тоа што најавуваа не имплементираа, нешто направија делумно или лошо и нешто имплементираа добро, но кога тоа не е вклопено во една успешна целина се е џабе.
Исто, не ми се допаѓа и комуникацијата, општо со медиумите, но и комуникацијата и односот кон навивачите на Милан.
Еден клуб (се што претставува) мора да има добар однос, најдобро хармоничен, со локалната средина, со фановите.
Без тоа се е џабе, дури и да имаш некаков успех, особено е проблем кога тој изостанува.
Сум прател како било со Динамо Загреб и знам колку се е за никаде, кога твоите навивачи не ги чувствуваат успесите на клубот, не ги препознаваат како нивни.
Со Милан не е целосно отидено до таму, но има еден дел, не мал, веројатно и мнозински кој одат натаму, а еден дел и веќе е таму. Дури и да се надеваат, навиваат за лоши резултати, за да пропадне се, американците ќе си отидат и ќе се појави некој сопственик, кој вистински ќе го цени Милан.
Во ова е мојот проблем со нив. Можеш да си против сопствениците (некои само од спортски причини, други и од културолошки, идентитетски, ксенофобни, како и против американизација на фудбалот, што и да значи тоа, наједноставно се се сведува на "не не почитуваат нас, клубот, традицијата"), но не против клубот, против играчите. На нив им даваш подршка, ги бодриш, помагаш да успеат, а еден дел, а тука е и Курва, "помогнаа" да се шири лоша атмосфера, негативност, притисок... Сан Сиро стана место на кое се погребуваат фудбалери, па и целиот тим, наместо да им се подаде рака да излезат од дупка, ги копаа уште подлабоко.
Но и да е само навивачка заблуда, фанатизам кој отишол во погрешен правец, би имал некакви разбирање. Најголем проблем со Курва е тоа што не можат да се помират со губење на финансиски интереси и што се кријат позади "љубовта кон клубот", за да си ги штитат криминалите, дури и клубот да не смее да се огради од нив, не сакаат да направат промени во Курва, па и за нивните глупости треба да ни се качат на врат италијанските институции, а само чекаат.
Нивните криминали воопшто не се наивни. Заедно се правени и со колегите од спротивната страна, само што тие, барем за сега, пробуваат да ја спасат колку можат навивачката група, нормално и да не му штетат премногу на клубот.
Притоа оштетена страна е и Милан, тоа е и еден од поголемите проблеми, затоа што тие сакаат клубот да не учествува во процес против нив.
Не ги амнестирам луѓето што го водат клубот (ја искористија сотуацијата да се пресметаат и со други), тие се и најодговорни за да се најде решение, но вина има и Курва.
Почнува нова сезона, отиди на стадион, навивај, дај подршка на тие фудбалери, мене ми делува дека им значи овој дрес, друго е колку се способни за него, помогни им.
Доколку овие што го водат клубот, не им е гајле за Милан, туку само за лични интереси, покажи ти како група на "најтврдокорните навивачи", како клубот се става пред лични интетесери. А не некој секташки фанатизмот, за тоа како треба да биде се полошо, за потоа некако да воскресне клубот. Како? Појма немаат.
Дека лесно ќе се најде решение не сум многу оптимист, а доколку Сан Сиро не биде стадион кој ќе помага, а не поголем проблем и од гостински терен, тогаш тешко и да се направи некаков резултат.