Делува дека никој во Милан нема појма што ќе играме на почеток на сезона, што во септември, а камоли некој месец потоа.
Почнаа со најава за 433 и така почнаа со припреми и план за трансфер пазар, па се префрлија на 352 како алтернативно решение, кое полека станува прво, а сега се најавуваат и дриги варијанти.
За одбрана со тројца ќе имаме само четири дефанзивци, само еден кско резерва.

Ако играат со двајца во напад, за две позиции ќе треба да се борат Леао, Хименез, Пулишиќ, новиот напаѓач, Чуквуезе (и Окафор, доколку остане), а и РЛЧ би можел во оваа конкуренција. Пак премногу, до тоа што еден од двајцата напаѓачи (Химене, плус новиот) би требало да се борат за едно место, а сите други за таа позиција на вториот напаѓач. Салемакерс и брат му Хименез, тогаш се бекови.
Доколку играат со тројца позади и тројца во напад, настанува гужва во среден ред, кој е составуван како среден ред за со тројца и делува квалитетно (иако ако се гледа во детали, пак може да се најдат маани, фали поофанзивна осумка, потоа како да се комбинира за да се добие цврстина и прогресијакпн напред). Во овој случај, ќе треба да играат само двајца.
И доколку се вратиме на почетокот и на 433, се враќаме на проблемот со дефанзивната линија и дали овие во четворка позади би можеле да изиграат солидна сезона.