Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Иако ми е мило што ќе се врати Галијани има 81 година....незнам што би правел у Милан и колку време би бил на таа позиција....
@Hm_Hm наводно одбиле 30 милиони од Њукасел за Малик,Алегри сака да го задржи дефанзивецот.
Но мислам дека ако англичаниве ја појачаат понудата на 40-45 милиони Фурлани нема да може да одбие.
Ако прават промена во одбраната Томори е првиот на листа што треба да лета но штета што нема понуда за него.А пред месец дена го бркаа од клуб за 25 милиони.
Каква глупост ќе направеа, а и сега треба озбилно да се размисли, пред да се лакомат за пари. Затоа што треба да се најде замена. Особено ќе биде тешко да се најде квалитетен млад дефанзивец и да не е скап.
Веќе сме во август, овој ги поминал и припремите, се покажал добро, а одбраната е и така циркуз, за нови проблеми да се прават.
Цело време пишувам дека по профил тој е најдобар дефанзивец што го имаме, затоа и интерес за него. Прави глупости, има слабости, но од сите дефанзивци што ги имаме само него би го задржал (Габиа е друга приказна и зошто сега е и треба да е во тимот). А млад е, има простор за напредок.
За 35+ милиони би можело да се размислува, но проблем е што Томори и Павловиќ се поинаков тип на дефанзивци, неспоредливо повеќе неспособни во игра со топка во споредба со Малик.
Значи само ако имаат добра алтернатива, различна од овие двајца. Ако ги даваш сите пари од неговиот трансфер, мора да е подобар, што не е лесно какви се цените, освен некој уште понедокажан, друга варијанта е некој искусен (трансфер од тип на Кјаер, Модриќ, Ибра), а останатите пари за друга позиција.
Август, се ближи почеток на сезоната, припремите се при крај, слаба дефанзивна линија, каде што фали еден дури и да остане Малилк, проблем со алтернативно решение и кој ќе остане, се ова во корист дека не треба лесно да го продадат и покрај 35+ милиони, доколку земат и толку.
Ако прават промена во одбраната Томори е првиот на листа што треба да лета но штета што нема понуда за него.
Фулам,Кристал Палас или некој таков клуб не им треба ли штопер да пуштата 20-25 милиони и да не спасат од Томори.
Габија е наше дете и затоа мора да остане,Малик е добар со топка а Павловиќ е wild card.
Доколку продадат некој од овие идејата на управата е да се донесе млад Италијанец Комузо или Леони.
Кој и да остане очекувам некакво подобрување во дефанзивата бидејќи Алегри ќе брани со 5 играчи во линија.
Мене ме чуди зошто Алегри на подготовкиве форсираше да игра со тројца штопери кога во ростерот имаме само четворица централни бекови.Не е тој некој што не смее да се продаде за добра сума, не е некој што вреди коцкање по секоја цена, видовме какви се слабости има, проблем е да се продаде во вакви околности.
Се зависи од тоа што планираат после него, а веќе е доцна и од нашата одбрана повеќе страв да те фати, отколку што ќе имаш доверба во неа.
Премногу се проблеми и прашалници таму.
Се надевам Мајк да се врати на негово ниво и тој да биде лидер на дефанзивната линија.
Многу ме интересира овде кој е Фурлани а кој Кардинале?