Киеза во Јуве зема 5 милиони. И мислите дека Милан ќе даде толкава плата на млад фудбалер и тоа за негов прв договор?! А и не сум сигурен дека таа сума од околу 60 мил за Киеза не им беше проблем.
Можеби грешам, но мене ми делува дека Милан и сега би потрошил и 40 милиони за некој фудбалер (и покрај трансферите на Томори и Тонали), но ако проценат дека за брзо време ќе биде еден од клучни фудбалери во тимот, да е до 23 години и да има мала плата. Исто така за друг може да не дадат ни 15-20 милиони, макар им требал фудбалер на таа позиција.
Еве што се случи со дефанзивец. Минатото лето дури беше и приоритет да се земе дефанзивец и крило. Најзагреани беа за Фофана, но не можеа да го победат Лестер и тргнаа по друг. Во прв план избија Кабак и посебно оној од француска лига, од Стразбур мислам. И за нив не сакаа ни 20 милиони да дадат. Продолжија да преговараат и понатаму, но пак не се залетуваа, после и се повреди овој од француското, но не беше тоа пресудно.
Бидејќи по нивните проценки за тие фудбалери не вреди да се дадат толку пари, го земаа Томори на позајмица. И на крај го платија скоро 30 милиони. Значи, дадоа 10 милиони повеќе, односно буџетот за дефанзивец не бил 20 милиони, туку се зависи за каков фудбалер се работи.
Десно крило исто не земаа. Киеза не им се вклопи...
Значи клубот има стратегија и нема да отстапува многу. Па Газидис и Скарони неколку пати изјавуваа дека не играат на кратки стази и дека не менува многу дали Милан ќе избори ЛШ.
Нема да форсираат по ниту еден фудбалер, иако јас сум одма да се земе фудбалер како Де Пол (кој како полушпиц не е класа над Хакан

), но повеќе очекувам нешто сосема друго да се случи.