Еве на пример, да беше Леао наместо Ребич во прво полувреме никад немаше да му ја додае на Ибра таа топка кајшто имаше офсајд, ќе шутираше, ќе даеше гол и од порано ќе водевме. Оној пас на Ребич со офсајдот толку ме изнервира што не ми се веруваше како е можно да се додава она. Изузетно глупа и аматерска одлука. Чиста шанса за гол имаше. Среќа даде гол после и искористи една од неколкуте шанси што ги фуцна.
Ребич ти е играч на кој му требаат 4 шанси за да искористи една. Му го почитувам залагањето, експлозивноста, тактичката дисциплина и тој бесот којшто го има во него и којшто не го разбирам ич, константно е нешто накурчен братот и нерасположен, али за фудбалски квалитети и техника Леао е класа изнад.
Проблемот со Леао е што не знаеш на која нога ќе стане и тоа е проблем затоа што е млад, се средува и мислам дека ќе се среди, ама коа јас би бирал во кого имам појше поверење дека ќе дае гол од стопостотна шанса, би рекол - Леао.
Еве за полесно да доловам поента би ги споредил вака: Леао коа е најлош и има лош ден и Ребич коа е најлош и има лош ден. Во таков дуел коа би бирал би го одбрал Леао затоа што дури и коа е најлош може да извлече трк, додавање или дриблинг, потег којшто ќе реши утакмица. Ребич коа е најлош и има лош ден, е мртов и не постои на терен за ништо.
Различен е од лани, созрева и мислам дека кај него има бајги простор за надградба. Ребич е ова максимумот и тоа е тоа. Ако остане во Милан, па чак и со појак ростер, можда и поквалитетен тренер, Леао може да биде животно. Она вчера што го проба и го направи сам на мал простор ти е показател. Да беше тоа гол ќе беше еврогол.
Што дека Салемакерс или таков орач некој сака да игра фудбал појше од Леао, коа не може да ти реши утакмица со потег? Не викам не, требаат и такви играчи во тим, ама играч којшто може сам да одлучи утакмица као Леао, млад, перспективен, не може и не смее така брзо да се отпише. Сезонава, сетете се на почеток, дербито со Интер тој го реши, она незгодно гостување кај Сасуоло исто, со Кротоне првата исто така, со Спарта првата ... Не би рекол воопшто дека Леао не ги искористи шансите сезонава, баш напротив. Итоа треба да се има предвид дека го шетаат и ретко игра 2 утакмици по ред на иста позиција. Далеку е бољи од лани, следна очекувам да е уште подобар.