Заблагодари се на Конте што го нејќе,во спротивно Тонали само на слика од 3то оделение ќе го видеше во дрес на Милан [emoji846]
Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Овие па. Океј, благодариме и на господинот Конте, господ го радоал стварно, све најубаво му посакувам, само еден господ знае како и дали ќе му се оддолжиме за оваа услуга. Колку се смешни и непотребни овие муабети кога се праат отпосле, чудо едно.
Тоа не е ни битно на крајот на краиштата, ама според последните информации, чак и на интерњуз не е работата дека Конте не го сакал, туку дека Марота побарал 10ина дена плус за да продае некој (некои) од пребукираниот среден ред на Интер за да направи место за Тонали, ама Челино не сакал да чека. Плус понудата од Милан му носела колку толку појше моментален кеш. Плус наводно Тонали кога сфатил дека понудите на Милан и Интер се исти, лично одлучил дека сака во Милан, што е најверојатно заради фактот кој тој сам неколкупати го има нагласено, што е навивач на Милан. Ма да, во денешниот фудбал овие работи не значат многу, не паѓаат во несвест играчите од романтика, глеате Тотенхем како се измотава на тој рачун со презентацијата на Доерти, ипак е фино вака да се поклопат и желбата на Милан за земање на Тонали и неговата желба да заигра за тимот за којшто навива.
Скроз е спинување да се блада дека Конте се прашувал, го шкртнал Тонали, па овој грдниот од немајќи каде, ајде ќе се утешам со Милан. Едноставно, Интер е пребукиран во средина, имаше предност, ја изгуби, Милан искористи ситуација и најверојатно ја заврши работата.
Ништо страшно, не се лутите одма вие, сме биле и ние на ваше место, така се поклопија стварите, кој добива кој губи - тек ќе видиме.
Јас се надевам дека сите добри ствари кои се зборени за Тонали од цела фудбалска јавност во Италија, ќе се покажат како точни и ќе израсне во страшен фудбалер. Потенцијал има, тоа е неспорно.
Имало многу вакви дуели за таленти во Италија. И тоа имало ликови од крајност во крајност. Од Хуан Итурбе до Дибала. За влакно разлика едниот тим испаѓал победник во трансферот. Се надевам дека овојпат Милан конечно ќе закачи џекпот.