Со овие контакти за Данкан значи или планираат да го продадат Кесие за убава сума или нема да го откупат Бакајоко, а поверојатно ми е првото. Ако треба да се бира помеѓу Бакајоко и Кесие подобро да го задржат Бакајоко. Откако доби поголема минутажа покажа дека е класа над сите и најдобар играч неколку натпревари по ред.
Во ваков трансфер период каде Леонардо е со врзани раце и не сме да троши многу, не може да се надеваме дека ќе донесат некои врвни играчи. Подобро овие двајцата од Сасуоло, отколку играчи како Велосо, Јохансен, Обијанг за кои се пишува овие денови.
Во врска со цените за Сенси и Данкан по 25 мил двајцата, за првиот се премногу и максимум 20 мил можат да понудат иако најреално е 15 мил, а за вториот мислам дека е ок таа сума. На исто ниво е со Кесие додека беше во Аталанта.
Добро е што можат да ги вклучат Локатели и Плицари во договорот, а Локатели ако продолжи вака во Серија Б ќе му е крајот.