Брат, со ваква "болница" од екипа како што имаме, со скроз ограничени фудбалери, оваа сезона добивме доста утакмици "на сила" и практично во последна минута. Незнам како мислите со играчи како Кастилехо, Лаксалт, Жозе Маури, Борини дека ќе се направи пресврт у второ полувреме.Монтоливо не вреди ни да се спомне. Тоа што цел тим ни е повреден е друга прича.
Во италија екипите лесно ни извлекуваат 0-0 на полувреме, со кого да освежиш? Кој играч може у 60та повеќе да допринесе од оние што веќе играат? Кажи ми еден (освен Кутроне кој беше резерва при формација со 3ца напред)?
Реално мислам дека имаме толку разнолики и ограничени играчи, што стварно е претешко да профункционираат баш ради тоа што се добри во еден сегмент, а очајни во друг.
Едноставно неможе играч ко Лаксалт да се купува, тотално ограничен во одбранбен сегмент. Таков тип на играч само Реал може(ше) да си дозволи. Па демек добро играл во напад Уругваецот, врска нема се врти назад ко колега му Родригез.
Ајде има удел и тренерот, ама неможеш да го кривиш него ако ниеден играч од тие на теренот не се истакнува, туку сите ИНДИВИДУАЛНО гледано се крш и очај.
Единствен начин на кој можат овие играчи да "блеснат" е ако почне да се фура побрза игра во Милан, игра од типот на Клоп или Сари, а не гледам кој реално достапен тренер што фура таква игра може да се земе.
Искрено и реално мислам дека Венгер од све што постои моментално е најдобра опција за во Милан. Стојам зад ова и го тврдам, без оглед на статусот кој го има.