Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
И Матри беше до Бирса во живиот ѕид ама 14-та си се сврте скроз,ѕирни ако гледаш хајлајтс ќе видиш.

Бирса се сврти, Матри се тргна и помина меѓу нив топката.
 
убаво габри после им се дереше.. направија дупка во ѕидот.. се исплашија да не ги акнат во нивното нивеа-заштитено лице :tapp:
ама секако.. секогаш ќе ги има тие - "габриел е крив.. на ви го сега.." - неписмени сељаци
 
До вчера Матри беше дрво сега даде еден гол на среќа и да играл место Балотели. А што се посра за 3 гол тоа не е важно. :pos:
Само во очите им е Балотели. Марио со една нога да игра е подобар, а и што да направи сам кога другите околу него не знаат кај тераат. Имаше многу играчи во тимот што пред него требаше да бидат испратени на клупа. ;)

Барем си признава (y)
Matri: Gabriel is not to be blamed for Parma's 3rd goal. Maybe I'm the one to be blamed as the ball went between Birsa

Дај некој да го обеси додека е време, сега Матри даде еден гол и два месеци ќе го фали.

Allegri: I needed a striker that could add more depth to the team, which is why I brought on Matri
“We had to change something for the second half. I took off Balotelli because he didn’t have a good game, while Poli had done well and it was a tactical issue. o_O

Матри уште е дрво,ама работата е што балотели не е дрво,а цела сезона игра и се понаша како дрво.

Јас Пацини и Шарави и пред двајцата би ги играл,штета што ќе му треба време на Пацо,а од балотели се виде глумење,правење црвени,плачење и јадење гомна по медиуми,заедно со агентот негов.
 
Matri: "Gabriel is not to be blamed for Parma's 3rd goal. Maybe I'm the one to be blamed as the ball went between Birsa and I."
 
Само промена на тренер може да ни ја спаси и онака изгубената сезона. Лани се случија чуда, но оваа не верувам во нив, мислам дека на крајот од сезонава и ќе се молиме за излез во Лига Европа, пополека се оди надоле. сеа би требало да се игра на тренер со привремено решение, бидејќи ќе биде жално да го изгубиме Прандели, кој летоска е без договор, а токму такво нешто му треба на Милан, тактичар и авторитет. Не би сакал сеа да се игра со Инзаги, осеќам ќе биде голем, но му треба време, има огромно влијание врз младите напаѓачи,а тоа значи многу.
Искрено и на картата Сидорф би играл, само гомново да не го гледам, мора да се земе некој да ја заврши сезонава, ни треба промена на тактички план, бидејќи со овој гледаме само силување, никаква игра, мизерна тактика и очаен избор на формација.
Кој било тренер да дојде, ќе извлече повеќе од овие играчи се кладам, а дека имаме толку очаен тим за во Италија, тоа никој неможе да ме убеди, ако успееш средината и нападот да ги наредиш како што треба, одбраната ќе биде најмал проблем тогаш, малце глуп пример, ама земете ја Барселона, со таков напаѓачки фудбал и така наместена игра, момците немаат потреба од дефанзивци, памтам дека неколку утакмици одиграа само со еден дефанзивец Пике, кој е далеку од тоа дека е класа.
 
Може му треба смена на тренер на милан,ама сигурно не во практиканти како сидорф и инзаги.

А за подобар тренер пари немет,така да тоа е......
 
Не не, токму таков му треба, некој што само ќе ја заврши сезонава, веруј поуспешен ќе биде од волов
 
Ако е за тоа тогаш подобро Гатузо нека го стават,ем колку толку бар има водено тим,ем ако не играат ќе ги зашамара,овде му е дозволено дома ќе биде човекот.
 
А што да не. Па мајмунов ништо не прави, после секој натпревар слушаме иста изјава, направивме грешки, учиме од нив, ало што учиш бе мајмун еден, па три години не сме конкуретни ради тебе, три години по ред ние имаме слаб старт, а врвот е сезонава. Искрено и Гатузо ќе заврши работа, само да не е овој.
 
Матри уште е дрво,ама работата е што балотели не е дрво,а цела сезона игра и се понаша како дрво.

Јас Пацини и Шарави и пред двајцата би ги играл,штета што ќе му треба време на Пацо,а од балотели се виде глумење,правење црвени,плачење и јадење гомна по медиуми,заедно со агентот негов.
Не го бранам Балотели за некои глупости, но мора да игра пред Матри. Далеку поквалитетн играч кој и да игра лошо 80 мин на крај може да даде гол.
Со Ел Шарави и Нијанг подобро игра во напад, отколку со Бирса и Матри.

Тие што денес требаа да летаат на клупа беа Бирса, Констант и Робињо, кои не беа ништо подобри од Балотели. Бирса беше очаен со Барселона и денес пак стартер и тоа изигра цел натпревар.

И Ибра имаше натпревари кога играше лошо и правеше црвени и глупости ама мистерот никогаш не се осмели да го извади на клупа.
Марио некогаш глуми како и секој друг играч кој ќе се најде пред голман, ама има и фаули над него и судиите мора тоа да ги гледаат. Денес имаше фаул на 20 метри пред гол и не му дадоа.
 
Не го бранам Балотели за некои глупости, но мора да игра пред Матри. Далеку поквалитетн играч кој и да игра лошо 80 мин на крај може да даде гол.
Со Ел Шарави и Нијанг подобро игра во напад, отколку со Бирса и Матри.

Тие што денес требаа да летаат на клупа беа Бирса, Констант и Робињо, кои не беа ништо подобри од Балотели. Бирса беше очаен со Барселона и денес пак стартер и тоа изигра цел натпревар.

И Ибра имаше натпревари кога играше лошо и правеше црвени и глупости ама мистерот никогаш не се осмели да го извади на клупа.
Марио некогаш глуми како и секој друг играч кој ќе се најде пред голман, ама има и фаули над него и судиите мора тоа да ги гледаат. Денес имаше фаул на 20 метри пред гол и не му дадоа.

Мора да игра.........ако не дава голови не мора ништо. Не дека јас го бранам Матри или викам дека е добар,туку Балотели се понаша ко 15 годишен скот,ко да игра позади во двор а не на стадион за што зема милиони секоја година. А понашањето надвор од терен му е исто како од англија,ако продолжи така сигурно ќе биде продаден.

Некогаш или секогаш глуми ? Незнам,јас мислам дека Инзаги изгледа ко маченик во споредба со балотели,факт е дека сите го научија дека глуми и никој не му суди фаули веќе,дури и кога некогаш вистински ги има.

Јас очекував балотели сам да го носи милан и да сноси одговорност,а не прв да го шитне и да заработува суспензии од по 4 меча.

А за споредбава со Ибра ќе ти кажам само,не се заебавај. :)
 
NO SULLEY, NO PARTY :place:.

Добро вие фудбал глеавте или ... колку страни изнапишавте ,ќе кажеш игравме со Јувентус а не Парма. И многу се замарате o_O , јас дигнав раце од овој МИЗЕРЕН Милан и се додека играт Матри и остала компанија просеци со неспособниот на клупа -Алегри сеедно ми е дали извадиле бод со Уефалона или изгубиле од Парма,Верона...Така да коа нив ќе ги нема у тим можда и па ќе глеам со емоции како порано, у спротивно немам план да се нервирам ради истите.
 
^Искрено незнам што очекувавте од Балотели?И врапчињата знаат дека има невиден талент,но неговиот ѓубре карактер никогаш нема да му дозволи да стане world class играч(читај Шева,Ибра,Роналдо дебелкото,Дрогба и сл).
 
Јасно беше зошто го извадија од игра и Алегри кажа дека му било страв да не направи црвен и тоа му беше единствен паметен потег денес.
Балотели е меч со две острици , полека полека станува ист како Касано, талент до таван, а мозок ни грам.

Разликата е што Касано после Рома отиде во Реал, а за Балотели нема да има Реал после Милан, после Милан му следув диркет Парма пошто никој не е ебан у мозок да прибира таков небалансиран играч. Џабе тој Раиола труе наоколу и го брани, време е за ултиматуми пошто со убаво мозок не се утерува.
 
Ако можете да ја контролирате емоцијата, нервозата, радоста “ еве сеа ќе се нервирам со Милан затоа што има ок играчи“, или “е отсега више не се нервирам“ свака ви част. Јас не можам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom