Никако да го форсираат Шиљо лево, за да би играл десно Абате. Шиљо треба стандардно да си игра десно, а лево само принудно. Штом во овој момент е подобар од Абате, не постои никаква логика да се спречува неговиот развој и да не игра на позиција каде најприродно се чувствува.
Бев против продажбата на Абате, но после овие неколку месеци и влетувањето на Сантон како опција се менуваат работите. На Абате му се потребни повеќе натпревари за да прикаже солидна партија, тој не е играч кој може да седи на клупа неколку натпревари, а потоа да одигра добар натпревар. Башка Сантон игра и лево и десно што е голема предност, а и може Милан и да профитира нешто финасиски од овие зделки. Милито ќе биде најразочаран, освен Маикон немало друг десен бек кој му дал толку асистенции.
Со Верати беше доста специфична ситуација, излегоа муабети дека Милан го прател некоја година и пред да блесне во Пескар, а и Алегри имаше желба да го донесат. Проблем беше што Милан тогаш уште не беше расчистил што треба да се прави со Ибра и Силва, а покрај скапи играчи се насочуваше на смешни трансфери како тој на Траоре, а и Верати пушташе муабети дека навива за Јуве и таму сака да игра, на крај се појави и ПСЖ и ги зезна сите во Италија. И желбата на фудбалерот е доста битна, еве примерот со Сапонара кој некое време се поврзуваше со Интер, а на крај заврши во Милан. Ако ништо друго барем уште се способни да го победат Интер кога се работи за вакви трансфери.
Мене ме нервира што Галијани се однесува како секој нов трансфер период да нема никаква врска со претходниот. Сега требаше да трошат пари од летото, а според тоа што читаме излегува дека тие размислуваат како парите кои што сега ќе ги земат да ги инвестираат. Па добиваат една рата од Пато и ја даваат за Сапонара, планираат да го продадат Абате, за да дојде Сантон. Добро, се работи и за тактички изјави, па никој не може да се клади дека Абате, Робињо, па и Боатенг ќе останат во Милан. Само пред некој месец изјавуваа дека Пато ќе остане во Милан и тоа после средбата со неговиот агент, а се насетуваше дека ќе си оди.
Лоди е добро решение, подобро е него да го имаат во тимот од Фламини, Траоре и уште некој таков.
Но, проблем е што на Милан му требаат засилувања за прв состав, некои што навистина ќе донесат квалитет, а не само некакви закрпувања.
Иако тешко е сега да ти продадат некој добар играч кога екипите се борат за тиутули или за подобар пласман кој води во Европа. Левандовски, Един, Балотели, тоа се напаѓачи кои летово најворајатно ќе менуваат средина, но сега тешко дека ќе прифатат да ги продадат и да изгубат тимовите на квалитет.