Остај на страна кариерата на Пато и неговите можности, не за друго, туку затоа што и самиот не сум сигурен што да мислам, па затоа не би можел да бранам некој став. Иако мислам дека нема карактеристики да игра како крилен напаѓач.
Мене муабетот ми беше за неговото однесување. Исто беше и минатата сеозна во декември. Еве и сега. Тој сака да има статус во Милан кој моментално не го заслужил. А, како не добива шанса кога веднаш штом можеше да започне од прва минута и започна? Не беше тој лош само против Фиорентина, и против Малага беше слаб, ако постигна гол. Не верувам дека против Наполи не играше само поради претходните лоши игри.
Треба да молчи, да се труди и да работи, шанси добивал и ќе добива доколку остане во Милан. Што сакаше да постигне вчера? Да избори место во прв тим (преку медиуми???) или сакаше да прати порака дека сака да си оди? Да биде недопрлив моментално не заслужил. И најпривн мора да си среди некои работи самиот со себе.