Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.026
Поени од реакции
36.807
Да сум Галијани, во знак на доверба, сеа на Пато му продолжувам договор,
Најголема греша е ова што го пиша. Тој е еден од најплатените и платата треба да му иде горе ако и само ако се распуца и постигнува 20+голови по сезона.

Дури и моменталнава му е превише.
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Остај на страна кариерата на Пато и неговите можности, не за друго, туку затоа што и самиот не сум сигурен што да мислам, па затоа не би можел да бранам некој став. Иако мислам дека нема карактеристики да игра како крилен напаѓач.

Мене муабетот ми беше за неговото однесување. Исто беше и минатата сеозна во декември. Еве и сега. Тој сака да има статус во Милан кој моментално не го заслужил. А, како не добива шанса кога веднаш штом можеше да започне од прва минута и започна? Не беше тој лош само против Фиорентина, и против Малага беше слаб, ако постигна гол. Не верувам дека против Наполи не играше само поради претходните лоши игри.

Треба да молчи, да се труди и да работи, шанси добивал и ќе добива доколку остане во Милан. Што сакаше да постигне вчера? Да избори место во прв тим (преку медиуми???) или сакаше да прати порака дека сака да си оди? Да биде недопрлив моментално не заслужил. И најпривн мора да си среди некои работи самиот со себе.
Најголема греша е ова што го пиша. Тој е еден од најплатените и платата треба да му иде горе ако и само ако се распуца и постигнува 20+голови по сезона.

Дури и моменталнава му е превише.
Чекајте, чекајте, чекајте малце... Двајцата грешите според мене.. Пато има статус во Милан, кој не го заслужил?? Зошто не го заслужил? Кога играл најчесто бил одличен, статистиките тоа го покажуваат. Кога не играл бил повреден. Заради повредите не заслужил статус? Тогаш кој има заслужено статус во Милан? Па Пато со двете утакмици против Барселона и Реал покажа што знае и што може и беа доволни да заслужи статус, не заебавајте.

Ако тргнеме од тоа дека не заслужил некаков статус заради повредите, да ве потсетам дека Пато беше цело лето со Бразил на Олимписки, ги искористи максимално сите шанси што ги доби и не се повреди. Се повреди откога се врати во Миланело. Немој да испадне дека тренинг стилот на Милан е проблем за повредите на Пато. Немојте да појде во ПСЖ, да го средат со тренинзи и да плачеме овде. Пато коа е здрав, е страшен напаѓач - сте го виделе.

Друга работа. Продолжување на договор не подразбира секогаш кревање на плата. Поготово таков маневар може да се изведе сега, додека Пато се враќа.

Однесувањето и изјавите да, не е многу коректно од негова страна да изјавува онакви “закани“, ама треба МНОООГУ добро да се размисли во врска со негов евентуален трансфер. Мислам дека визионерски гледано и од аспект на нашата младалачка политика, многу појше Пато му е потребен на Милан, отколку Милан на Пато. Зборувам за вистинскиот Пато кој сме го виделе што се знае.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.660
Поени од реакции
48.741
Од сите моменти за изводење бесни глисти и лигавење, Пато го одбра најлошиот можен. Каде мисли дека ќе оди, кој мисли дека ќе го купи ваков. Нека седи мирен, нека работи и нека се труди да се врати во форма па после нека уценува. Во моментов ретко на кој навивач на Милан би му било жал да го види како си оди.
Сакам да остане и покрај се, од стално сум бил на негова страна, али за ова лигавење заслужува Милан да му го прифати блефот и ако има господ да го купи ПСЖ некако, па да види од прва рака како е да чекаш Ибра да се пензионира за да видиш терен со очи.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.026
Поени од реакции
36.807
Вистинскиот Пато го нема веќе 2 сезони,прашање е дали некогаш ќе се врати.
Патем како што памтам се повреди и на Олимписките ама ситно беше па после се повреди пак кај нас.

Пато има проблеми со мотивација,со однесување а и почнува да збори по медиумите многу.

Милан ќе опстои и без Пато,
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Го нема 2 сезони поради повреди. Големо прашање е дали Милан и стручниот тим можел да ги превенира тие повреди.
Проблеми со мотивација има цел тим ( освен Шарави и Монтоливо донекаде ) и тоа секако е нешто кое треба да се реши. Затоа и го спомнав продолжувањето на договорот, за тоа да му служи како сигурност и искажана доверба, да го мотивира. Нормално не значи ако имаш продолжен договор - си недопрлив за продавање. Хинт: Силва го продолжи договорот со Милан, недела дена пред да биде продаен.

Изјавата вчера му беше погрешна, тоа се согласувам, ама муабетот ми почна испровоциран од мислења кои викаат дека треба да се ослободиме од него што побрзо, ништо не направил за Милан и слично.

Пак ќе речам. Од аспект на нашата моментална ситуација и политика на тимот и од аспект на тоа дека млади, талентирани играчи како Пато денеска вредат 30 милиони, многу појше му треба Пато на Милан, отколку Милан на Пато.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.026
Поени од реакции
36.807
Пато вредеше 30 милиони Нино но сега ретко кој би се нафатил да плати толку за него.
Ако имаат сите проблеми со мотивација,треба ли на сите да им го продолжиме договорот?

Пато не заслужува никакво продолжување и треба да учи некои работи од Ел Шарави,детето треба да е пример за сите.

Порано би ми било криво ако го пуштевме но сега доколку си замине ќе му речам само среќно и тоа е тоа.
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Со оглед на годините и талентот секако вреди толку. Милан го плати 25. Ако некој тим, укапира дека тоа со повредите може да се контролира и балансира, ако се испостави дека Милан можел подобро да му ги менаџира тренинзите на Пато, тогаш ќе кукаме година дена на фан-клубов после продажбата на Пато.

Нормално дека не треба на сите да им се продолжи договор, таман работа. Пато е во специфична ситуација, која бара внимателност. Треба да се процени кој може да понуди многу појше, а кому можностите му се толкави, ограничени на една сезона и моментални блесоци после тоа. Тоа го прават добри менаџери кои Милан ги има. На Пато треба да му се покаже доверба затоа што е најдобриот фудбалер кој моментално Милан го има. Фудбалер.

Секоја чест за Шарави, не изненади сите, го почитувам најмногу заради смиреноста и заради тоа што не е полетан во облаци, цврсто е на земја. Има огромен потенцијал, тоа го кажуваат сите.
Ама потсетете се дека и Пато го правеше истото што и Шарави првите 2-3 сезони кај нас.
После тоа го спречија повредите и само повредите за кои кажав што мислам.

И мислам дека никој од фан-клубов не би му рекол среќно доколку го продадеме и си оди. Барем јас сигурно не. На сите би ни било страв, а што ако таму каде што оди, го средат, не се повредува више и се распуца како што знае?
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Дискусијата завршува тука Нино :D
Добро, од ова досега што си го видел кажи ми кој е подобар фудбалер кај нас во тимот кој го имаме од Пато?
Ама земи се во обзир. Се досега. Боатенг да не знае појше фудбал од Пато? Ночерино? Пацини? Бојан?
Ќе речеш Шарави, ама ова му се почетоци на Шарави. Не се знае ни колку ќе трае, ни дали може подобро, ни дали ќе биде константно. Нормално, дај Боже да е, тоа сите го посакуваме, ама прашање е. Пато од друга страна, имаше неколку константно добри сезони, страшни партии и слично. Можностите и талентот на Пато никој не ги носи под прашање. Под прашање сите ги носат само неговите повреди.

Ваљда сфати дека не мислев на моменталната форма и ситуација кога реков “најдобар фудбалер“.
 
Член од
16 август 2007
Мислења
1.932
Поени од реакции
1.665
Аман те бе како од вчера да сте фанови на Милан. Пато да иде свеедно ќе ви било. И што корист од тоа дека ќе го нема у Милан ? Не дека моментално е многу корисен ама брзо заборавате како има играно. Платата ќе биде ќар за раководството мие цент негледамо, ниту пак ќе биде заменет со некој појак од него. Колку и да е ван форма моментално талентиран играч е.
 
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.008
Поени од реакции
917
Едно потсетување... РОНАЛДО дебелиот имаше исто проблеми со повреди ( дури и повеќе) колку што има и Пато.... Дали тоа го спречи да стане Еден од најдборите Шпицови во истроијата на фудбалот.... НЕ.... Ван Бастен исто така скоро цела кариера се влечел со повреди па сите знаеме кој е и што е...На Пато му треба малку време само... Талентот е неоспорен дека го има... Незнам Зашо очекувате одма од старт дечкото да дава на секоја утакмица голови... Ај и да го продадат.. Мислете ќе земат некој боље од него ? НЕ...И плата да не зима мислите ќе се искористи за нешто продуктивно...ко шо направија со Ибра и Силва... НЕ ...затоа незнам зашто толку плукање по Пато кога моментално нема подобра опција од него (Реална Опција)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom