Фан клуб: Милан

Саше?

  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Синоќа немав време да ја прокоментирам играта, тоа ќе го направам сега. Игравме како и во последните 2-3 утакмици, шанси имавме но гол тешко дававме. Уште еднаш едно големо браво за Шарави, момчето игра многу добро и подобро што го продадовме Ибра, доколку Ибра беше во Милан сигурно немаше Шарави да го гледаме во прв тим. Антонини дрво :facepalm:, за Запата да не зборуваме, прво полувреме заради него ја изгубивме топката и ќе примавме гол, важно ја фатив на спортска.

Сега тргнуваме по Дренте, што мислите ни треба?

Моите 2 центи на Дренте се тоа што ако едноставно беше добар немаше да биде слободен трансфер иако со нив неможеш скроз да утниш си потпишва договор и си го шиткаш за некој денар ако не испадни но муабетот мие. Дренте на 20 години беше хит потпиша за Реал изигра некоја утакмица ама не се покажа тоа пто требаше да биде, скапа по позајмици и не се подобри. Има 25 години а е феќе flop во големите клубови. Јас би одел по Пелусо или Капуано ( Марко Капуано од Пескара).
 
Хипотетички ако Дренте го земаат за ML е добар,ама ако го земаат за лев бек е ужас.
Мада не верувам ни да го земат.

Инаку за утакмицата од играта не сум баш задоволен,се мачиме ли се мачиме,ама тоа е очигледно е дека се нема квалитет во тимов Ел Шарави пак ги извади единствено нешто што вреди во тимов,иако мислам дека освоивме важни три бода во борбата за опстанок,па можеби и за борбата за Лига Европа кој знае ако се земе нешто во зима и ако се сврзат 3-4 победи се е можно.

Инаку како не му е срам на Алегри уште да ги игра нубовите бе,кај ги игра па уште и лошо ја поставува тактиката,место Емануелсон од старт да игра лево во средина,а Кркиќ позади Шарави и Пато,или Шарави позади Пацини и Пато тој ко пиче некое,аман више и од него. Па уште кога ќе видам колку ни е лоша и аматерска одбараната ми се повраќа,ЕДЕН(освен Де Шиљо)асален дефанзивец немаме,еден. Земаа бодови чисто зошто Џенова не напаѓаа,инаку на секоја утакмица редовно си примаат гол/ови.
Тешка и мачна ќе биде сезонава у пм. ама ај може ќе тргне на подобро ќе се купи некој играч,иако чисто се сомневам.
 
Нели, кој феил ?!

А тој Лукаш е ДРВО а го платија 40 мил евра ако не се лажем, сеа више ни првотимец не е, на клупа седи, пошто ги пратим Бразилциве со тикетиве, треќа смена :)
Иначе Роналдињо и Сидорф маме ебаваат, сеа и они двајца добро ќе ни дојдеа у тим....
Со Роналдињо у екипа тоа дрвото Бориело даде 15 гола у сезона, Пацини до сеа 15 ќе имаше :icon_lol:

Баш сабајлево си викам ‘‘колку фали играч како Роналдињо во тимов што ќе знае да задржи топка на противничка половина‘‘.Оние офанзивните играчи од средина кај нас како што се нуларица со техника Роналдињо во тимов би улетал како џокер во покер.Он од Бориело направи да изгледа како напаѓач,а со Пацини соработката сигурно би му била на далеку повисоко ниво плус ќе се отвара повеќе простор за Шарави но џабе се овие муабети ... :)
 
Андреа Лаѕари и Косу му се мајката за на средина ништо друго ефтини а квалитетни појачувања.
 
Почнаа килавите победи што се чинат ко да сме тепале полуфинале у лига шампиони. Вчера добра утакмица дадоа само Јепес, Де Јонг и Ел Шарави, сите други правеа грешки што овие мораа да ги поправаат. Шарави сам освои три топки на своја половива откако Антонини и Емануелсон ги изгубија. Абате праќа центар-шутеви што се редовн блокиран, значи не ни идат у пченките туку му ги блокираат директно.

Да беше штоперски тандем, Запата- Мекцес вчера можеше и гол да примиме, не дека не се доволно добри да играат против Џенова туку дека се страшно неподвижни двајцата и не се компатибилни за заедно да играат, Јепес нека е жив и здрав ама напаѓачите на ваквите екипи ги јаде за доручек. Емануелсон имаше среќа што го даде клучниот пас за голот, иначе без тој пас он ќе беше најслаб поединец вчера.

Играта- катастрфа, се гледаше притисокот под кој беа, цела утакмица под грч, грешка, долги топки од Јепес до Абате цело второ полувреме, цело прво, Пато не може да ја прими пошто оној Бово жив го изеде.

Ќе биде ова ко сезоната на Леонардо само малце полоша :icon_lol:
 
Наиголан ефтино појачување? Под 15 мил не го даваат.
Епа ај сите бесплатни играчи нека ги купат и газдите нека барат титули. Лазари ти е тежок просек, дури поголем просек е од Констант. Ако сакат малку поконкурентен тим, ќе вложат некое милионче.
Наинголан ние си го меркаме не го гибај него :P(y)
Ми е гајле :icon_mrgr:. И ние меркавме летото многу играчи, ама кој си остана во својот клуб, кој си смена друг клуб и ние останавме чаљо. :D
 
Андреа Лаѕари и Косу му се мајката за на средина ништо друго ефтини а квалитетни појачувања.

Просеци од 27 и 32 години не ни требаат во тимов...имаме за извоз такви.Треба млада крв желна за докажување,а не играчи што имаат ист квалитет со Констант и Траоре.
 
Просеци од 27 и 32 години не ни требаат во тимов...имаме за извоз такви.Треба млада крв желна за докажување,а не играчи што имаат ист квалитет со Констант и Траоре.

Андреа Косу не е просек човекот што решил да остане во Каљари збораме за човек кој во последните 3 години има 38 асистенции во Серија А во тим како Каљари и е главна движечка сила на средина уште пред Наинголан така да жалосно е да го наречеш просек и споредиш со типови како констант и траоре. Косу исто така беше повикан за Италија и постигна 2 гола.

Тој е квалитет играч но евтин од проста причина што е 32. Друга опција за креативец а поевтин а квалитетен е Франческо Лоди.

за млади ги има многу а најдобро е од вашите редови да унапредите некој
 
Ти се гледа како добар играч што отскокнува со квалитет зошто другите што играат со него се поголеми просеци од него.Голема работа што бил движечка сила во Каљари...нека иде во друг голем клуб и таму нека биде движечка сила па тогаш да кажам дека не е просек.Констант исто беше добар играч во Џенова,а добар беше зошто другите беа лоши и овој изгледаше како класа над другите.Едно е да бидеш добар играч во Каљари,Аталанта,Сиена,а сосема друго е да бидеш добар во Милан,Јуве,Интер.Џовинко во Парма изгледаше како да е Меси,а во Јуве и Италија е како Мирко Ивановски,Бориело во маливе тимови е како Ван Нистерлој па ако не се лажам една сезона во Џенова беше и меѓу најдобрите стрелци во Серија А...во Милан,Рома,Јуве чист просек итн итн...да не набројувам и други играчи.
 
Бориело прватга сезона во Рома беше далеку од просек. Сите играчи почнале од мали клубови на пр Андреа Пирло од Бреша па ете прерасна во класиште. Косу нема играно во голем клуб но има одбиено 1-2 пати. Едно да отскокниш 1 сезона др 3 сезони со ред. 38 асистенции не се мала работа во таков тим и неможеш да окарарезираш играч како просек кој години се носи рамо до рамо со Пирло,Снајдер( таа година кога Моу беше тренер) едносатвно не е фер. Констант неможеш да го споредиш со Косу, Косу е цела класа над него во секоја смисла. Ама сепак тоа се моите 2 центи т.е. моето мислење секој различно. Го почитувам твоето но не се согласувам :)

позз
 
Пирло прерасна во класа играч ама не дојде во Милан на 32 години.Тој да останел на времето во Бреша и таму да седел до сега или да се врткал низ просечни екипи никогаш немало да го достигне она ниво кое што го достигна во Милан.Можеби и Косу би станал подобар играч од она што е денес ако пред 10 години потпишал за Јуве,Милан,Интер но тоа тие е меч со две острици...или ќе се издигнел или ќе играл во Серија Ц.Не дека играњето во мал клуб по дифолт те прави просечен играч затоа што има играчи како Ди Натале на пример но овие играчи што ги спомна се далеку од излез на онаа просек група...барем за мене.
 
Катастрофална игра...без идеја и реализација....џабе имав посед на топка кога немавме акции... Пато премногу е себичен... Емануелсон ептен го има гледано роналдињо и пробува да дрибла цело време а неможе да помине... Назад Бонера и Јепес изиграа солидно.... Запата идеше поише понапред... Де Јонг пожртвувано.... Монтоливо треба му сменат позција не е таа за него... Ел Шарави треба на 80 % од тимот платите да ги зема..... :) али победивме.... со малку поише среќа кај и да е ќе се оправиме :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom