Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.
mbk4kp.jpg


kade e sea bekam hehe :)
 
Милан се гледа веќе на "Вембли"

Алегри откри дека бил пријатно изненаден од неочекувното купување на бразилскиот интернационалец од Манчестер Сити, Робињо

Откако се свести и сфати дека го има на располагање можеби најсилниот тим во Италија и Европа, новиот предводник на Милан, Масимилијано Алегри, собра и храброст да изјави дека неговиот тим ќе игра во финалниот натпревар од Лигата на шампиони.
- Ќе имаме напорна и тешка сезона. Сепак, мора да посветиме екстра внимание на натпреварите кои ќе ги играме во Европа. Мора да стигнеме до самиот крај. Мора да бидеме дел од финалниот натпревар од Лигата на шампиони на "Вембли", изјави Алегри.

Поранешниот тренер на Калјари откри дека бил пријатно изненаден од неочекувното купување на бразилскиот интернационалец од Манчестер Сити, Робињо.
- Искрено не очекував да ги осигураме услугите на Робињо. Пријатно се изненадив од овој трансфер. Голем фудбалер од светски калибар. Сите зборуваме за прекрасниот подарок од нашиот претседател. Уште еднаш сакам јавно да му се заблагодарам на Берлускони. Исто така, презадоволен сум од купувањето на Ибрахимовиќ, изјави Алегри.

На крајот предводникот на "росонерите" призна дека му е малку криво поради заминувањето на Марко Бориело.
- Болно беше заминувањето на Бориело. Моравме да ја прифатиме неговата одлука за заминување во Рома. Како да се исплаши од големата конкуренција, изјави Алегри.
 
Робињо сонува за финале во Лигата на Шампионите против Барселона!
Сонувам финале од Лигата на Шампионите и сонувам дека последниот натпревар од најголемото европско натпреварување ќе го играме со Барселона која во овој момент е најдобрата екипа во светот.Милан реализираше неколку големи зделки и на хартија сме многу силни. Смртоносни. Само тоа треба да го пренесеме на теренот.Во својата нова екипа се чувствувам како дома, и морам да напоменам дека многу ми помогна тоа што во составот се наоѓаат некои бразилци кои се мои големи пријатели. Тоа се Роналдињо, Пато и Тиаго Силва.Би сакал да победам на Сантијаго Бернабеу, тој магичен стадион. Доколку постигнам погодок, секако, и ќе го прославам на соодветен начин.
 
Се курчам што уште недојдени почнуваат да зборат по медиумиве.... треба Галијани/Алегри да ги средат! Еден Пирло еден Неста што се години со нас не се осмелуваат да прогнозираат а не па овој што треба прво да каже фала што игра пак за голем клуб!
 
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите

Новиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.

Мурињо внимателно ги следи случувањата кај „росонерите“, затоа што се негови противници уште во групната фаза од Лигата на шампионите.

„Со Ибрахимовиќ и Робињо, тоа е друг Милан. Тие се помеѓу најдобрите во светот“, изјави специјалниот.

„Со сигурност Милан е многу посилен од минатата година. Росонерите сега можат да ја освојат Лигата на шампионите“.

Португалецот потоа кажа и збор два за Ибрахимовиќ, кој многу добро го познава.

„Повеќе ми одговара што Ибра е во Милан а не во Барса. Со Милан ќе играме само два натпревари, а против Барса ќе се бориме цела сезона. Тој е неверојатен играч“, заврши Мурињо.


Интересно, интересно :vozbud:
 
Едниот беше од корнер, а другиот не беше асистенција на Пирло :)

--- надополнето ---

Каков гол на Патоо, со маказици и тоа. :)
 
Маиците се готови, утре во парк( школка ) во период од 17 30ч до 19 30ч ќе ги делиме маиците, кој има платено може да дојде и да си ја подигне, носете ги и ливчињата како доказ дека сте платиле

п.с има некој што се разбира од веб-дизајн да го среди сајтот на дечкиве од фејсбук што ке го прават за Милан
 
Колку и да е добро да си самоуверен толку и е и лошо .... Чим волку галама се дига дека ќе се стигне далеку во ЛШ вадља ќе бидне нешто да не се укакаат уште во 1/8 финале , ќе мора да се одржи високо темпо во тие клучни месеци март/април и како и да е тоа е доста далеку многу ме интересира како пред тоа ќе се уклопат Ибра и Робињо па ќе може да се оцени до кај ќе се гура .. Јас сум и презадоволен и со 1/2 финале и титула во Серие А : )) колку да се заврши оваа суша без освоен трофеј да ни се наполнат душичкиве со радост :P се остало е ГОЛЕМ +
 
abe i vie kako vasite igraci da ne vleguvate vo tezok film :)
oti novite ibra i robinjo uste ne pocnata sezonata epten letnaa,a pokraj niv i pato pocna da leta :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom