Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.
Не го критикувајте човекот, си даде добра сезона(или дел од полусезона како и да е).
Не играше оваа година како лани ама само ради тоа што немаше постојана позиција за разлика од лани, Леонардо го шеташе те десно крило, те позади напаѓачи, те последен за врска, те на клупа го оставаше, додека лани си играше една фиксна позиија и се пронајде во неа феноменално.
И без разлика како и да играл, он покажа желба за игра и енергија. Пола од тие карактеристики да ги имаа останатите немаше вака посно да помине и оваа година.
Иначе видов дека Какау продолжил договор со Штудгард и со олеснување воздивнав :).
Значи, спас уште еден од тие што нејќам да дојдаt, сеа само Трезеге да си продолжи со Јуве и да си бидам скроз мирен.
 
Aбе какво минато што гледаш дај кажи,Бекам ако не дојдеше немаше никакви центаршутеви,се трудеше трчаше напред-назад цело време и пак не чини па повеќе се трудеше од пола наши играчи и играше подобро од нив..што сакате ја незнам и вие сами пишувавте дека е Бекам добар.
А ти колку си гледал се глеа..

Му докажа на Капело дека заслужува светско, можеби не за прв состав но дефинитивно му е местото меѓу 22 те играчи, ќе патува во ЈАР но изјави дека му е многу тешко што нема да игра. :( Исто така додаде дека му скурчило од она на ногата што го става но пред се треба да смета на што поскоро санирање на повредата.

AC+Milan+v+AC+Chievo+Verona+Serie+HsMXmXrlBUWl.jpg


Фала и среќно во Галакси. :helou:
 
Честито победа другари и како си поминавте вчера за мајот :vozbud:
 
Aбе какво минато што гледаш дај кажи,Бекам ако не дојдеше немаше никакви центаршутеви,се трудеше трчаше напред-назад цело време и пак не чини па повеќе се трудеше од пола наши играчи и играше подобро од нив..што сакате ја незнам и вие сами пишувавте дека е Бекам добар.
А ти колку си гледал се глеа..

Ова беше минатата сезона оваа тапа :smir:
 
Фала му за се што направи, не ни е потребен више (36год.)
Потребни се млади талентирани играчи а не 30+ !!!
 
Замброта, Пирло, Гатузо и Бориело патуваат во ЈАР.
 
Не ми е местото тука,ама да прашам...

Што направи милан со парите од продажбата на Кака?
 
galiani i berlusconi gi cuvat za semki koga igra milan :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
A za povikanite od strana na lipi ni edniot te zasluzuva da bide tamuu mozde boriello malku ali toa e toa
 
во последните 2 кола на Милан му се потребни само 2 бода за обезбедување на 3тото место или 1 бод за 4тото кое носи во ЛШ преку клалификации. Најдобро ќе биде Милан уште против Џенови да си победи и на раат да игра против Јувентус
 
Еве се средив и ја конечно па да пишам некој збор за утакмицана :)

Од тоа што видов можам да кажам дека ако не победевме вчера ќе искршев нешо по дома, али добро е, данецон незнам шо сакаше али фала му.

А нели едно време се пишуваше дека Лео му ја одзел на зубита привилегијата пенали, и требаше Пирло да шутира. Фреј да му ја фатеше дресот нов ќе го запалев :tv:

Честито нека ни е победава сеа моем да кажем дека ни е сигурно третото место, браво за нас :pos:

Очекувам сеа летово како ќе пројде и какви очекувања ќе имамо за наредна сезона, иначе Пирло, Замброта, Гатузо и Бориело се на списокот на Липи за наредниве пријателски
 
Не ми е местото тука,ама да прашам...

Што направи милан со парите од продажбата на Кака?

Демек ние сметководители сме па ќе ти кажиме.

Ама муабето е дека Милан почнува да се самофинансира, така да сите долгој се покриваја. Моментално мислам дека долг Милан нема и со то шо вгодина ЛШ ќе се игра можи и да се подкупи некој просечен играч за нормална сума.
 
во последните 2 кола на Милан му се потребни само 2 бода за обезбедување на 3тото место или 1 бод за 4тото кое носи во ЛШ преку клалификации. Најдобро ќе биде Милан уште против Џенови да си победи и на раат да игра против Јувентус


Да се поправам малку за постов, сега ми текна дека следното коло играат Палермо - Сампдорија... така да во случај на победа на Палермо, на Милан ќе му биде потребен само 1 бод за 3тото место, ако заврши нерешно тогаш Милан веќе ќе си го обезбеди 3тото место, и ако Сампдорија тепа на Милан ќе му бидат потребни 2 бода за тоа место. Минимум што може да се заврши од сега натаму е 4то место така да пласманот за во ЛШ е обезбеден (и не, не барам да се прославува ова :icon_lol: иако е добар успех со оглед на сезоната:wink:)
 
Не ми е местото тука,ама да прашам...

Што направи милан со парите од продажбата на Кака?

УнА мАџИјА дИ сИлВиО бЕрЛуСкОнИ! :vozbud:

во последните 2 кола на Милан му се потребни само 2 бода за обезбедување на 3тото место или 1 бод за 4тото кое носи во ЛШ преку клалификации. Најдобро ќе биде Милан уште против Џенови да си победи и на раат да игра против Јувентус
09.05. 15:00 Palermo-Sampdoria
Оваа утакмица повеќе ќе одлучува отколку нашите 2 преостанати :wink:

Демек ние сметководители сме па ќе ти кажиме.

Ама муабето е дека Милан почнува да се самофинансира, така да сите долгој се покриваја. Моментално мислам дека долг Милан нема и со то шо вгодина ЛШ ќе се игра можи и да се подкупи некој просечен играч за нормална сума.

Чекај кога ние сме уложувале енормни суми за да знаеме дали милан некогаш бил финансиран од џебот на Берлускони? Ниту стадион нов сме граделе ниту имаме купено играч што вредел над 30 милиони евра така да мое мислење е дека Милан и до сега има работено на овој начин само што сега се бара некоја врска на изговор во овој момент... Пс Кај можеш со политичар да се разбереш....
 
Јас мислам дека 3-то место сигурно е наше :kesa:, така да во наредното коло еден х со Џенова и победа дома против Јувентус доста е за сезонава...:kesa:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom