Крај на кариерата за Роналдињо?!
Според неофицијални информации, здравствената состојба на фудбалерот на Барселона, Роналдињо е многу посериозна отколку што се сметало и дека во прашање е доведена иднината на неговата кариера.Наводно Роналдињо деновиве сам заминал на лекарски прегледи и првите резултати се загрижувачки.
Според лекарскиот тим што го вршел прегледот, кој и натаму не соопштува за каков тип на повреда станува збор, истакнува дека според резултатите Роналдињо, во иднина никогаш нема да може да игра на нивото од претходните сезони.
Се шпекулира дека причина за повлекувањето на Милан од преговорите со Барселона не е високото обесштетување туку здравствената состојба на Роналдињо.
вистина или шпекулација ?