Берлускони одбил да го купи Буфон
Италијанските медиуми објавија дека Милан летово бил многу близу до ангажман на Џиџи Буфон.
"Росонерите" веќе подолго време се интересираа за најдобриот светски чувар на мрежата, но дури ова лето решиле да стартуваат и официјални преговори со челниците на Јуве.
"Газета дело Спорт" открива дека двата клуба се наоѓале многу близу до договор Буфон за сума од 25 милиони евра да се пресели на Сан Сиро, но овој трансфер во последен момент бил стопиран од страна на "газдата" на Милан, Силвио Берлускони.
Првиот човек на "росонерите" решил место да ги потроши тие пари само на Буфон, да инвестира во двајца нови фудбалери. Така, за 25 милиони евра Берлускони ги доведе на Сан Сиро младиот напаѓач Пато, како и бразилскиот ветеран Емерсон, додека Буфон остана во Јувентус и е убедливо најдобар фудбалер на "Старата дама" на стартот од новата сезона. По ваквата одлука на "големиот шеф", Адриано Галијани решил да му понуди нов договор на Дида, кој потпиша со Милан до 2010 година, но повторно прикажува игри далеку под очекувањата.
Kratko i jasno go propustivme Nistelroj za hendikepiraniot Gilradino... pa taka i Bufon....ova sto se slucuva e prosto neverojatno....