Милан ќе го враќа Абијати:uvo:
Раководството на Милан, најверојатно, ќе го врати Кристијан Абиати во својот тим во јануари, соопшти Кориере дело спорт. Голманот е позајмен на Атлетико Мадрид, но повредата на првиот чувар на мрежата, Нелсон Дида го принуди стручниот штаб да размислува на враќање.
Дида пред извесно време го оперираше десното рамо, а сега има проблеми и со левото, а клупските доктори сметаат дека новата повреда би можела да биде подобра и од старата. Резервниот голман Жељко Калач, кој ќе го замени Дида и на дуелот од Лигата на шампионите против Селтик во среда, не е на нивото на Бразилецот и заради него Милан загуби минатата недела од Палермо.
Токму заради недостигот од вистински заменик за Милан, 17-кратниот шампион на Италија веќе почна преговори за враќање на Абиати на Сан Сиро.
Шимиќ сака да си оди од Милан
Хрватскиот репрезентативец со најголем број настапи во националниот дрес, Дарио Шимиќ не може веќе да ја издржи својата ситуација во Милан и најави дека е подготвен да го напушти актуелниот европски првак. Од своето доаѓање на Сан Сиро во 2002 година, дефанзивецот одигра 73 натпревари, но во последните две сезони премногу ретко добива шанса за настап. Минатото лето за него беа заинтересирани Олимпик Марсеј, Лацио, Фиорентина и Евертон, но тој одлучи да се бори за своето место во Милан и затоа не прифати ниедна од понудите.
"Минатата сезона одиграв околу 30 натпревари, но во оваа се уште не сум поминал ниедна минута на теренот. Долго време не играм и затоа сакам да си одам. Ова е неиздржливо и не знам зошто е така бидејќи сум многу блиску до 100. натпревар во репрезентацијата на Хрватска", изјави Шимиќ.
Как една од опциите за продолжување на кариерата во последно време се спомнува и Монако чии челници со особено внимание ја следат ситуацијата на Сан Сиро. Ако не успее да се договори со некој хрватски клуб, можно е Шимиќ да се врати во Хрватска како што тоа ова лето го направи Игор Тудор.