Апсолутно се слагам со тебе. Јас ако ти текнува зборував за истово само во врска со играњето рака, не можеш да оставиш слободна проценка на судијата, зашо ете за иста ситуација Мајкл Оливер ќе ти свирне пенал, а Тирни нема и ќе има плачки низ интернетот и карања. Вака стај универзално правило и чао пријатно. Мислам, не е така лесно и ова моево, ама пак поарно да биде така отколку вака на секоја утакмица различно зашо на некој судија му текнало така и така да процени.
Еве вчера со еден другар се расправав, фан на Ливерпул, го мрази од дното на душата Јунајтед, вика не бил црвен за Рашфорд. Викам ок, а зошто тогаш викаше дека она на Санчез против Ливерпул беше чист црвен? Ти текнува ваљда на ситуацијата од пред 2 години, Ливерпул вс Интер. И ние ко фанови некад имаме двојни аршини дефинитивно, јас потполно разбирам што ве нервира тебе и Боро у ситуацијава и може да кажам и дека се сложувам со вас, ама како и да ја вртиш елементи за црвен има, на страна намерата. Ненамерен старт кој може да предизвика кршење на нога на играч, ЈЕБИГА, не можеме тука да го кривиме судијата дека напраил фатална грешка. А дека можеше само со жолт да пројде тоа си стои.