Да не биде дека само го бранам Тен Хаг, мора да се сложам дека до сега немаме видено ништо од стилот на игра што тој наводно сака да игра.
Разбирам дека и повредите не вадат од колосек, но засега сезонава нема никаква промена во играта на позитивно. Освен тоа, многу сме лоши против дефанзивни екипи, а ефтини голови примаме како ништо. Ако противникот прв даде гол, огромна е веројатноста и дека ќе не победи.
Но не е и дека не создаваме шанси. Мислам дека уште сме некаде на врвот на создадени шанси во ПЛ. Значи исто се враќаме на тоа и дека ни фали ефикасност.
Проблемите со ефикасност истиве играчи ги имаа и пред Тен Хаг. Значи доаѓаме до прашањето дали промена на тренер ќе го среди тоа? Искрено, се сомневам. Ако Рашфорд е играч со најмногу шутеви во ПЛ после Халанд, тоа е бидејќи дошол во ситуации да шутира. Што може да смени менаџерот во поглед на тоа како ќе финишира играчот?
Не гледам како промена на менаџерот ќе ги реши овие проблеми во тимот. Мислам дека ова се решава со носење на класа фудбалери, играчи што не се плашат од одговорност и што знаат ладнокрвно да решаваат утакмици континуирано, низ текот на цела сезона.
Искрено се плашам дека ситуациката е веќе надвор од контрола и дека Тен Хаг веќе почнува да го осеќа притисокот. А тоа може да значи дека ќе гледаме утакмици како со Барнли, каде ќе се игра стриктно на резултат. А во ПЛ тоа е игра со оган, па многу лесно може и недоречен да остане Тен Хаг и никогаш да не видиме како точно би сакал да игра тој кога би имал комплетен тим на располагање.
А смена на тренер ќе значи нов рестарт, па нови шанси на сите дрва од тимот, па одново година дена мачење за да може да увиде тренерот до каде сме и што му треба. За на крај пак истите играчи да го пуштат низ вода и пак да бараме нов тренер.
Јас сум да се следи примерот на Арсенал со Артета и да му се даде шанса на Тен Хаг да направи цеслосно свој тим. Секако, не по секоја цена, пласман во ЛШ мора да биде минимумот сезонава.