Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Нека мењаат само да не е тремка како Оле, и после менаџерот паразитите да почне да се чистат.
Напишав и поназад едно непопуларно мислење. Резултатите и играта со Оле и последните неколку месеци кои беа ужасни, сепак изгледаат подобри од ова сега. Единствено нешто добро од овие 2 сезони откако не е тука е што се зеде некаков трофеј.
 
Јако филмање од Санчо, наместо да тренира си тера куроболие, NYC клуб нигер шема со курви. Отиден е скроз, од овој не бива фудбалер.

Sent from my ELS-NX9 using Tapatalk
 
Напишав и поназад едно непопуларно мислење. Резултатите и играта со Оле и последните неколку месеци кои беа ужасни, сепак изгледаат подобри од ова сега. Единствено нешто добро од овие 2 сезони откако не е тука е што се зеде некаков трофеј.
Највеќе проблем со Оле имам што е тактичка тремка. Далеку е од тоа што ни треба ако одлучат да менуваат менаџер, нека. Али да се оди напред, Оле ни е чекор назад а и неземаме трофеј со некого.
 
Последно уредено:
Највеќе проблем со Оле имам што е тактичка тремка. Далеку е од тоа што ни треба ако одлучат да менуваат менаџер нека али да оди напред. Оле ни е чекор назад а и неземаме трофеј со некого.
За трофеј да го вратиме Фергусон и Пеп заедно да ги водат нема да земат додека не се променат темелно некои работи.
И да сменат менаџер, не гледам никој во моментот за кој можеме да кажеме дека би направил нешто. Тен Хаг беше најпреспективна опција и ете, гледаме што се случува, ништо поразлично од останатите, можеби и полошо.
 
И што потоа? Кој ќе земеме да не оправи?

A што со Тен Хаг? Манчестер во моментов игра најлош фудбал вкупно земено од сите сезони после Фергусон. Можеби со Мурињо играа малку погрдо, не сум сигурен. Која е тактиката на Тен Хаг? Дали некој може да ми објасни што всушност игра Тен Хаг?

Генерално има два начини да играш добитен фудбал. Едниот е како Сити, со посед, на проценти. Пеп сфатил дека во игра на мал број погодоци како што е фудбалот, многу често погодоците се случајни. За воопшто да бидеш во ситуација да постигнеш случаен гол, треба да имаш посед, и топката да се врти околу голот на противникот. Тоа е целата филозофија на фудбалот на Гвардиола. Не ја давај топката, врти се околу голот на противникот, законот на големи броеви вели дека топката еднаш или повеќе пати ќе влезе во голот на противникот.

Другиот начин е брз директен фудбал, со силни продори по крилата. Онака како што играше Ливерпул кога освои титула.

Е сега кажете ми, што игра Манчестер под Тен Хаг? Слабите екипи не може да ги пробие, со појаките игра како Евертон, на контри.
 
Играва на Тен Хаг заличува на Ван Гал. Посед на топка, вртење кругови околу шеснаесетник, губење топка и примање гол.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 
За трофеј да го вратиме Фергусон и Пеп заедно да ги водат нема да земат додека не се променат темелно некои работи.
И да сменат менаџер, не гледам никој во моментот за кој можеме да кажеме дека би направил нешто. Тен Хаг беше најпреспективна опција и ете, гледаме што се случува, ништо поразлично од останатите, можеби и полошо.
Може да одиме по рејд у Брајтон. :D
Секогаш постои опција али прво треба да се сменат газдите и секако побитно од нив управата.
 
И Де Зерби ти е Гвардиола во обид. Ништо поразлично не би донесол таков тренер. И Потер дури беше во Брајтон се сеќавам дека некој го спомнуваше на темата како опција за Јунајтед. Видовме како резултираше при првиот обид да работи под притисок.
Слично беше и со Мојс кога дојде од Евертон. Такви излети не се потребни, во 95% случаите завршуваат поразително.
 
Онана, Варан и Мегваер централно, десно Линделоф, лево Далот. Касемиро, Амрабат, Маунт, десно Рашфорд, лево Марсијал/Гарначо, Хојлунд напред. Вака да ги пуштеше и само да им кажеше на која страна на 'клаваат' голој гарантирам подобро ќе поминеше.
На клупа ќе ги имаше Бруно и Ериксен за да корегира лево-десно кај повеќе ќе чкрипеше. Ебати филозофот...
 
Последно уредено:
Да не биде дека само го бранам Тен Хаг, мора да се сложам дека до сега немаме видено ништо од стилот на игра што тој наводно сака да игра.

Разбирам дека и повредите не вадат од колосек, но засега сезонава нема никаква промена во играта на позитивно. Освен тоа, многу сме лоши против дефанзивни екипи, а ефтини голови примаме како ништо. Ако противникот прв даде гол, огромна е веројатноста и дека ќе не победи.

Но не е и дека не создаваме шанси. Мислам дека уште сме некаде на врвот на создадени шанси во ПЛ. Значи исто се враќаме на тоа и дека ни фали ефикасност.

Проблемите со ефикасност истиве играчи ги имаа и пред Тен Хаг. Значи доаѓаме до прашањето дали промена на тренер ќе го среди тоа? Искрено, се сомневам. Ако Рашфорд е играч со најмногу шутеви во ПЛ после Халанд, тоа е бидејќи дошол во ситуации да шутира. Што може да смени менаџерот во поглед на тоа како ќе финишира играчот?

Не гледам како промена на менаџерот ќе ги реши овие проблеми во тимот. Мислам дека ова се решава со носење на класа фудбалери, играчи што не се плашат од одговорност и што знаат ладнокрвно да решаваат утакмици континуирано, низ текот на цела сезона.

Искрено се плашам дека ситуациката е веќе надвор од контрола и дека Тен Хаг веќе почнува да го осеќа притисокот. А тоа може да значи дека ќе гледаме утакмици како со Барнли, каде ќе се игра стриктно на резултат. А во ПЛ тоа е игра со оган, па многу лесно може и недоречен да остане Тен Хаг и никогаш да не видиме како точно би сакал да игра тој кога би имал комплетен тим на располагање.

А смена на тренер ќе значи нов рестарт, па нови шанси на сите дрва од тимот, па одново година дена мачење за да може да увиде тренерот до каде сме и што му треба. За на крај пак истите играчи да го пуштат низ вода и пак да бараме нов тренер.

Јас сум да се следи примерот на Арсенал со Артета и да му се даде шанса на Тен Хаг да направи цеслосно свој тим. Секако, не по секоја цена, пласман во ЛШ мора да биде минимумот сезонава.
 
Се ок, само забораваш дека тие шутеви на Рашфорд 99% се последица на она за што го плукаме односно на индивидуално доаѓање во ситуации да шутира. Акција нешто организирано,послабо.
 
A што со Тен Хаг? Манчестер во моментов игра најлош фудбал вкупно земено од сите сезони после Фергусон. Можеби со Мурињо играа малку погрдо, не сум сигурен. Која е тактиката на Тен Хаг? Дали некој може да ми објасни што всушност игра Тен Хаг?

Генерално има два начини да играш добитен фудбал. Едниот е како Сити, со посед, на проценти. Пеп сфатил дека во игра на мал број погодоци како што е фудбалот, многу често погодоците се случајни. За воопшто да бидеш во ситуација да постигнеш случаен гол, треба да имаш посед, и топката да се врти околу голот на противникот. Тоа е целата филозофија на фудбалот на Гвардиола. Не ја давај топката, врти се околу голот на противникот, законот на големи броеви вели дека топката еднаш или повеќе пати ќе влезе во голот на противникот.

Другиот начин е брз директен фудбал, со силни продори по крилата. Онака како што играше Ливерпул кога освои титула.

Е сега кажете ми, што игра Манчестер под Тен Хаг? Слабите екипи не може да ги пробие, со појаките игра како Евертон, на контри.

Со сите тренери во главно игравме грд фудбал. Имаше периоди кога се вклопуваа коцките или на ура (кога дојде Оле првите натпревари) кога се играше добар фудбал. Мојс беше изгубен случај, под ЛВГ беше хаос, имаше период кога 5-6 натпревари по ред не постигнаа гол. Под Мурињо имаше добри и лоши периоди но знаеме каков фудбал практикува тој. Оле исто. Добро почна, па потона. Овие двајца заслужија поголема подршка од управата, пред се мислам на трансфери но не ја добија за жал. Рагник не е за коментирање, со него не ни трчаа играчите. Тен Хаг лани имаше добар период, освои куп и ни донесе ЛШ. Попи и неколку бламови, со Ливерпул особено. Сезонава сите знаеме како почна, порази, повреди, скандали... но сметам дека е паник потег сега да биде кикнат Тен Хаг. Ете да му врачат отказ, кој сметаш дека треба да дојде, со кој ќе биде подобро?
 
Се ок, само забораваш дека тие шутеви на Рашфорд 99% се последица на она за што го плукаме односно на индивидуално доаѓање во ситуации да шутира. Акција нешто организирано,послабо.
Пишав јас дека слабо пробиваме дефанзивно поставено екипи.

Уште сме таа контра напад екипа од времето на Солскјер. Затоа и викам, не гледам некоја промена во играта и ништо од наводниот стил на Тен Хаг. И исто како и тогаш, не памтам една лесна и убедлива победа.
 
Се ок, само забораваш дека тие шутеви на Рашфорд 99% се последица на она за што го плукаме односно на индивидуално доаѓање во ситуации да шутира. Акција нешто организирано,послабо.
Направи ли Рашфорд 1 индивидуална акција оваа сезона?
Индивидуално Рашфорд не мрда оваа сезона, 3 од 4 играше шпиц и пак штама.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom