Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Касемиро мислев ќе гори од желба да игра денес против Барселона, а тој беше еден од најслабите на натпреваров, заедно можеби со Ван Бисака на исто рамниште. Јаготката на шлагот ќе беше пред крајот и сам гол да си даеше кога топката удри во статива. Тен Хаг незнам што толку има видено во Вегхорст за да го игра цела утакмица побогу. Подобро тој да излезеше него ли Санчо. На реваншот добро е што ќе ги имаме назад Мартинез и Сабитцер, ама дај побогу немора секоја утакмица да се почнува со Вегхорст, поготово не против Барселона. Незнам, имавме добри шанси денес за победа, али што е тоа е.
 
Ако излезе и Вегхорст ке немаме висок играч, за бранење од прекин, плус тој највеќе трча во одбрана од предната тројка, затоа го чува најверојатно
 
Дај нека го вратат Гринвуд побрзо пошто со овој Веинхорст како играч помалку да имаме.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
Гринвуд нема да игра за Јунајтед оваа сезона медиумите ја сјебаа секоја можност.

Убав напревар имаме многу шанси за победа али и доста киксови, можеше и подобро али задоволен сум.
 
Ако излезе и Вегхорст ке немаме висок играч, за бранење од прекин, плус тој највеќе трча во одбрана од предната тројка, затоа го чува најверојатно
Можеби само трескам глупости, али не дека Барселона има кизнај колку високи играчи( 2-3ца), па треба да го играме Вегхорст 90минути. Океј е дечкото трча, се враќа, добар е ама не е за цел натпревар. Барем за напред имаме играчи каде што може да се комбинира. Рашфорд, Санчо, Гарначо, Антони. Пред некој да се истрча да речи дека никој од нив не е класичен шпиц( точно) но зошто да не се проба со Рашфорд најистурен, а 2ца од овие преостанативе да одат на крило. Така би биле далеку побрзи при контри и при градење на акции. Вегхорст би го играл кога 11 души се бранат во шеснаесетник, денес не беше таква ситуацијата.
 
photo_2023-02-16_20-47-16.jpg

Какво поминување на играч направи Рашфорд, школско по книга плус го прати по семки :
 
И судијата беше доста изгубен вечерва, ама ај. Ми се допаѓа како реагираат на ваквите одлуки и играчите, а пред се Тен Хаг. Ситуацијата на Кунде со Рашфорд беше доста сомнителна.
 
Не беше сомнителна баш чиста беше, во отворен трк кон голот 100% шанса, или е слободен и црвен или пенал, друго нема. Т.е има, ништо како вечерва. Ама веќе навикнавме.
 
Касемиро мислев ќе гори од желба да игра денес против Барселона, а тој беше еден од најслабите на натпреваров, заедно можеби со Ван Бисака на исто рамниште. Јаготката на шлагот ќе беше пред крајот и сам гол да си даеше кога топката удри во статива. Тен Хаг незнам што толку има видено во Вегхорст за да го игра цела утакмица побогу. Подобро тој да излезеше него ли Санчо. На реваншот добро е што ќе ги имаме назад Мартинез и Сабитцер, ама дај побогу немора секоја утакмица да се почнува со Вегхорст, поготово не против Барселона. Незнам, имавме добри шанси денес за победа, али што е тоа е.

Имам забележано дека му треба меч два дур да убаци во стандард Касемиро мод. Така беше кога потпиша, те и сега. Штом врзе 2 утакмици по ред, ке си го гледаме стариот Касемиро.
 
Интересна утакмица. Штета за пропуштените прилики на 1-2, можеше да победиме лагано но на 2-2 имавме среќа што не примивме и 3 гол. На крај реален резултат се на се. Двата гола што ги примавме беа наивни, особено вториот. Пасивно изнесување на топката од одбраната.
Ван Бисака беше криминален, Вегорст и Санчо исто слабо. Санчо наредно на бајачка нека го пуштат, може ќе го направи фудбалер.

Барса не ги бев гледал многу сезонава но очекував повеќе од нив со оглед на тоа што доминират во Ла Лига но изгледа лигата изгубила бајаги на квалитет. Гол од корнер и поклон од нашата одбрана. Доста неконкретни во напад со исклучок на последните 10 минути кога внесеа свежи играчи. На ОТ мора да ги добиеме.
 
На реваншот се надевам ќе оди со Мартинез стартер до Варан, Шо на бек, напред Санчо лево, Рашфорд шпиц, десно Антони ако е фит.

И Далот десно. Бисака не можам да го варам веќе. Не ми се верува дека голем дел од фан базата беа убедени после 3 4 солидни партии на АВБ дека не ни треба нов десен бек.
 
Солидна замена е.
Да ја изгураме сезонава со Бисака беше целта, па летово со нови газди се надевам и подобра прва опција за десен бек. Ни Бисака ни Далот ни вршат работа сега за сега.
 
На реваншот се надевам ќе оди со Мартинез стартер до Варан, Шо на бек, напред Санчо лево, Рашфорд шпиц, десно Антони ако е фит.
Мое мислење е дека не треба Рашфорд да игра шпиц. Во реваншот треба скроз истото да го изиграме минус неспретноста на одбраната, која сметам би била подобра со Мартинез и Далот на местата на Бисака и Маласија. Не значи дека ако Ентони е слободен, одма мора прв тим да игра. И Сабицер е опција место Фред секако.
 
Бев скептик морам да признаам, декa ќе изгубиме. Браво за дечките, се покажаа солидно иако можеа и боље.
Здравје следеча со Лисандро у тим.
 
Автоматски споено мислење:

Мое мислење е дека не треба Рашфорд да игра шпиц. Во реваншот треба скроз истото да го изиграме минус неспретноста на одбраната, која сметам би била подобра со Мартинез и Далот на местата на Бисака и Маласија. Не значи дека ако Ентони е слободен, одма мора прв тим да игра. И Сабицер е опција место Фред секако.
Ќе треба доста трчање и покривање, а Сабицер тешко да ја даде енергијата од Фред.
Далот место Бисака може. Лисандро нормално. Антони ако е фит треба да стартова десно, немаме друг играч за таму.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom