TrikkY
Shit happens. [God]
Касемиро мислев ќе гори од желба да игра денес против Барселона, а тој беше еден од најслабите на натпреваров, заедно можеби со Ван Бисака на исто рамниште. Јаготката на шлагот ќе беше пред крајот и сам гол да си даеше кога топката удри во статива. Тен Хаг незнам што толку има видено во Вегхорст за да го игра цела утакмица побогу. Подобро тој да излезеше него ли Санчо. На реваншот добро е што ќе ги имаме назад Мартинез и Сабитцер, ама дај побогу немора секоја утакмица да се почнува со Вегхорст, поготово не против Барселона. Незнам, имавме добри шанси денес за победа, али што е тоа е.