Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Само да не се повреди некој на пластичново игралиште, се лизгаат сите. Прскаа вода на истото пред почетокот, така да, како на лед да е.
 
Со ваков напад годинава, ќе се изнагледаме убави голови од контра.;)
 
Значи не сум бил јанглаш кога реков дека Бисака не знае каде се наоѓа оваа сезона, ни офанзивно ни дефанзивно. Ова му беше врвот на сите глупости кои ги прави овие 4-5 утакмици. Единствено нешто што направи е блокот против Волвс и тоа е тоа.
 
Теренот е лош, премногу брзо се движи топката и баш ради тоа е таа несмасна реакција на АВБ.

Јбг, според мене Дони аут, Варан да влези и 3-5-1 да тераме зошто Бруно и Погба по крилата не ми делуваат сигурно во дефанзива.
 
Дони можел да игра 6ка :icon_lol: Ај ќе му признаам дека дефанзивното позиционирање му е малце подобрено, не се заборава понапред ко претходно.Дефанзивен дуел и старт му се мисловна именка ...

Не знам со кого дискутирав летово, еве на дело дека не знае да повлече напад и да ја води топката напред, ко Фред/Скот/Погба/Матич што прават. Буквално како статист стои.
 
Многу наивна грешка и глупа грешка. Водиш 0-1, имаш контрола на меч, и сега ке треба да тренираме дефанзива второ полувреме. Место да можеше да се извадат дел од првотимците во второ, и да си ги зачуваме за со Вест Хем.

Гледам дека Ван Бисака и во приватен живот почнал да се опушта. Го фатиле како вози без дозвола, неосигурана кола, и попил казна.

Дони можел да игра 6ка :icon_lol: Ај ќе му признаам дека дефанзивното позиционирање му е малце подобрено, не се заборава понапред ко претходно.Дефанзивен дуел и старт му се мисловна именка ...

Не знам со кого дискутирав летово, еве на дело дека не знае да повлече напад и да ја води топката напред, ко Фред/Скот/Погба/Матич што прават. Буквално како статист стои.

Фред не може да погоди пас од 4-5 метри, ке предал топка по влечење напред, не зезај сега и ти :D . Од овие што ги наброја, само Погба и Скот знаат да повлечат. Матиќ го фаќаат во оние тактички замки, и обавезно примаме гол.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom