Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Добро играме сума сумарум, ми се свиѓа што не се испичија после голот него притиснаа, Бруно играчиште. Линделоф и Мегваер треба да одморат, не се некако токму со паметот.Ми се свиѓа што има многу проточна игра без многу влечење на топката.

ПС: Судијава ја посра, еден куп жути без везе даде, очекувам црвен да падне.
 
Зошто мислам дека без Марсиал сме поопасни во нападот.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Одбраната ни е за плачање. Нека го одмори Мегваер што е можно поскоро.
Стручниот штаб ни е за плачење! Бемти будалу, кој чурац Гринвуд од почеток? Минатиот меч имаш показател дека Мата-Фернандеш фукционира, на другата страна имаш мекуши и миџети во среден ред, неее, Олењ наш со киклопи излегува во среден ред, Волкот не можат да го надтуркаат :facepalm:
Сто години го гледа и работи во Јунајтед, ни чурац не сфатил! Гринвуд невидлив цело време овој чека по распоред во 75 да го мења, со кого со Мата:cenzura:, се обратно. Вилиамс растура, ние на Шо ќе му ги вадиме парите што се платени за него! :mad::mad::mad:
Автоматски споено мислење:

Зошто мислам дека без Марсиал сме поопасни во нападот.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
Тоа па посебна приказна.
Автоматски споено мислење:

Ја мислам дека Солскјер најголем ќар од натпреваров може да добие ако стои поблиску до Анчелоти! Може ќе фати маја :D
 
Последно уредено:
Добро, вие што го критикувате Марсијал на утакмицава, дај кажете што треба да прави, што грешно прави на утакмицава?
 
Па не е за утакмицава...генерално, талентиран, али просечен играч со привремени блесоци...не може многу да се очекува од таков играч, а сепак навивачиве очекуваат пласман во ЛШ и борба за титула...затоа е често критикуван.
 
Mногу лошо второ полувреме изигравме и нормално, класика сезонава, пак не користиме кикс на конкурентите.
 
Добро, вие што го критикувате Марсијал на утакмицава, дај кажете што треба да прави, што грешно прави на утакмицава?

Другар, у 5 наврати денес не втрча. Имаше еден пас од Фернандеш во празно, овој 3 секунди подоцна почнува да трча. Мислев дека памет ке му испие на Сидибе, арно ама...
 
Мегваер криминален денеска, исто како Мектоминај, овој судијата глуп виде рака кај што немаше
 
Прво полувреме ручав па на моменти само ѕиркав да видам што се дешава. Второ го гледав цело и слободно може да се каже дека го изиграа можеби најслабото полувреме сезонава. До гол не стигнаа еј, едино таа со Бруно и Игало шансата на крај што се посреќи иначе другото се се играше во 16-никот на Јунајтед.

Бод си е бод, не ни очекував повеќе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom