Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Изгубив веќе надеж дека ќе ремизираме. Немаме никаква течност напред, транзицијата е на ура и шутевите ни се неплански. Нека купуваат нешто јануариво, по можност без тегнење.
 
Важно и Тотенхем не помина.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Лингурот и Шо, споредени со Гринвуд и Вилијамс - разликата меѓу 1 и 3 бодови. Фамилијарните проблеми немаат врска со професионализмот. Точка. Смрдлиња
 
Погба или сличен нему беше лекот за денес, некој што знае да застане топка и да креира напад, не само неплански на ура да се залета напред.Нападиве денес беа жива глупост, летаат напред ко мислиш имаат огромен простор за освојување како со сити, а всушност имаат минимум 5 дефанзивци и уште неколку луѓе од средина кои го бранат секој квадратен центиметар.

Переира и Мата можеби ќе беа добар избор денес, нема притисок голем имаат простор да смислат нешто, не дека и овие се којзнае колку добри, ама најкреативни ни се од цел тим на располагање.

ПС: Секоја чест за Гринвуд, дечкото има снајпер у нога.
 
Изем ти среден ред кога во пола време Мегваер ни е главен креативец :facepalm:
Ќе им ја однесе топката до 18 метри и штамааа, нит он знае на кај да оди, ни тој на кој му ја дал има појма што понатаму, два пати иста слика! И ние сме запнале од Риола пак да пазариме, море мадињата у менгеме и нему и на циганот лигав, за памет еднаш засекогаш!
 
Почнувам да верувам во она што го кажа Оле за Гринвуд, има нереален финиш. Во вакви мечеви се гледа квалитетот на клупа, кога во игра ни влегува Мата, пробувајки да наметне игра, а всушност се виде 2-3 пати со топка и уште повеќе изгубивме иницијатива.

Не знам зашто успеа Гринвуд да го префрли на лево крило при крајот, зашто очигледно, десно крило му одговара повеќе, па го го снема од мечов.

Наивен тимов на моменти, почнувајки од Де Геа, наместо да урла при контактот, он си преќуте, па уште толку му ја олесна одлуката на Оливер. Дејвис уште од 4-та минута со жолт, никој не иде на него со топка, него идат преку крила. Во 2-3 наврата кога тргнаа на него, направи фаули. Исто Дејвис му отиде на нога на Рашфорд при едно исфрлање, Рашфорд наместо да си падне, продолжи да трча. Не знаат да искористат прилики во мечот за да се стекнат со предност ниту пак да направат притисок кај судијата. Тие финеси што значат разлика од бод до три.

Секогаш кога ке ни се укаже прилика да се доближиме до топ 4, се дешава ова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom