Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
1&2-3 @3,75 SportlifeЗа во недела лупајте голема пара у кладилница...по 5-6 Богородици, кој колку милува...
1&3+ @2,75 Mozzart
А што со Погба , демек Зидан број 2 а ние џабе го дадовме !Не се силите да го продавате Јанузај, дан биде Погба 2.
А што со Погба , демек Зидан број 2 а ние џабе го дадовме !
Да се разбереме , Јунајтед го имаше најуспешниот период од својата историја , благодарејки на следењето на фудбалската филозофија на Сер Алекс Фергусон .
И јас а верувам и 90% од фановите на клубот сме му благодарни за тоа .
Погба не сакаше да се вклопи во таа филозофија и доби шут карта , крај на приказната . Може он да биде незнам каква фудбалска перспектива па дури и генијалец ама ако ја расипува атмосферата во клубот , од него толку , срекен му пат .
Да го земеме Меси како пример , класа играч , освоил се што може да освои , покажа еден куп класа партии , капа доле ! Ама човече толку одвратно изгледа сега кога им се моча на главите на сите во клубот , немам зборови ! Со ова сакам да кажам дека дури и најдобрите светски фудбалери треба да си го знаат своето место а не некои ..чковци од типот на Погба , Заха , Јанузај !
Ок е Јанузај да има слаба втора сезона , ок е да има падови во играта ама од 10 топки на кои можеш да направиш асистенција СИТЕ сам да ги шутнеш и да не те боли ќоше е тоа не е лош ден или пад на форма тоа веке е дијагноза !Како проценивте дека Јанузај е таков играч. Бара некој посебен третман? Прави некои проблеми од типот на Морисон? Па и Пауел уште малце ќе биде печен за листава. Или се фура како Клеверли и Заха? Дај барем бидете реални. Нема 20 години наполнето го напрајвте флоп над флоповите.
Сме имале вечити таленти кои што од километар се гледало дека нема ништо да биде, биле подржувани. Крај краева ако сака нека заврши како Клеверли и Велбек ама нема да е толку лошо, колку што било во случај да се развие во класа играч во некој друг клуб. Не губи клубот ништо да го задржи уште неколку сезони. Па што биде нека биде.
Само едно да ви кажам, знам дека голем дел следите долго време ПЛ. Ама имам дојдено до заклучок дека најтешката сезона на играчите, без разлика дали доаѓале од академија или биле трансфери, одсекогаш била втората сезона. Ептен ретки се случаите каде што втората сезона им била јака. Дали повреда, пад на форма, некои приватни проблеми или било што, нема помалерозна година од втората во ПЛ.
Кажи ми дали ти смета Вилсон? И он нема ни асистенции а ни голови, и одприлика имаат изиграно исто минути.Ок е Јанузај да има слаба втора сезона , ок е да има падови во играта ама од 10 топки на кои можеш да направиш асистенција СИТЕ сам да ги шутнеш и да не те боли ќоше е тоа не е лош ден или пад на форма тоа веке е дијагноза !
Успат , кога Јанузај почна да влегува во игра многу ми правеше кејф , добро беше нов , како за нас така и за противниците . Добро ете втората сезона го прочитаа и поуспешно го парираат .Чаре? Чукниување на лејката и барање друг пристап , подисциплиниран и порационален . Верувам дека му прави кејф да фура имиџ ала Ибра ама тешко дека има штоф он за тоа !