Еве зашто сум толку уверена дека овој не доаѓа кај нас. Прво, толку пари од почеток ни на сон нема да му ги даде никој во клубов. Ако мисли дечкото дека вреди толку, нека се докаже сезона - две, па стариот сам ќе му понуди $$$$$$$ и без тој да побара.
Второ, типот се спрдава два месеца со тоа, ваму ќе одам, онаму ќе одам. За два месеца типов отиде во Арсенал, Тотенхем, Реал, Барселона, Сити, кај нас. Веќе последниот фудбалер на планетава си ти демек па нема да спие цел фудбалски свет и да чека што ново ќе ти текне и кај ќе идеш.
Трето, да требаше да потпише со нас, ќе ќутеше целово ова време и ќе се правеше наудрен со стандард „Ќе размислам периодов/летово/по репрезентативните обврски“ муабет кој досега го правеа нашите трансфер цели - Де Геа, Јанг и го прави сега Кагава.
Ваква одбивност прв пат да чувствувам за некоја трансфер мета на мојот тим :S