Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Искрено, не ги разбирам трансфер целиве. Дечково игра примарно на позицијата на Лисандро, па ми е чудно ако спискаат 50-60 милиони за позиција каде што сме покриени, или пак ке го учат да игра RCB? Олисе игра на позиција каде играат Гарначо, кој е далеку подобар играч за тимот кога игра на десно крило, па и Амад влезе како добра алтернатива при крај на сезона, така да 60 милиони фунти се бајаги пари кога има други позиции за крпење.

Нас ни треба класа DM, зашто ако го продадат Касемиро, Амрабат не е решението, зашто лош е под пресинг. Некако, приоритетиве ми делуваат дека погрешно се поставени.
This makes sense :love:
 

Не гледам проблем со платава. И да не го биде, Барада се очекува да го внесе правилото дека ако играчот 2 сезони не е добар, ке се продава. Брајтвајт би имал 24 години, Британец и плата со која ке може да го продадеме, иако реално би сакал да е некаде на 100-120к.
 
Брентвајт можно е да се носи и зошто Лисандро имаше мака со повредите и ни е единстен лев стопер, а некаде се пишуваше дека ЕТХ би сакал да проба да игра и со 3 назад. На десен стопер би останале Мегваер, Линделоф и Камбвала.


Sent from my SM-A515F using Tapatalk
 
Можеби вториот ќе е десен. Голема е веројатноста да се земат двајца.
 
Искрено, не ги разбирам трансфер целиве. Дечково игра примарно на позицијата на Лисандро, па ми е чудно ако спискаат 50-60 милиони за позиција каде што сме покриени, или пак ке го учат да игра RCB? Олисе игра на позиција каде играат Гарначо, кој е далеку подобар играч за тимот кога игра на десно крило, па и Амад влезе како добра алтернатива при крај на сезона, така да 60 милиони фунти се бајаги пари кога има други позиции за крпење.

Нас ни треба класа DM, зашто ако го продадат Касемиро, Амрабат не е решението, зашто лош е под пресинг. Некако, приоритетиве ми делуваат дека погрешно се поставени.
Moze go spremaat Licha za dm, a moze i ne znaat kaj teraat.
 
Еден од Мегваја и Ајсмен и треба да си оди.
 
Кој курац е овој Брајтвајт да му лупнеш 150000 неделна плата. Што овој има постиггнато, освен што е уште едно преценето англиско талентче. Истиве муабети беа и со Маунт. 250000 му дадоа на преценето англиско талентче кое назадуваше у Челзи у последните две сезони, кога највеќе треба да напредува. Вакви низ Шпанија, Франција, Италија и остали лиги ги имаш со ист квалитет, со лопата да ги ринеш, а многу помалку коштаат.

На Јунајтед секако му треба десно крило, така да Гарначо би си играл на лево. Сега не знам што тип на крило е Олисе, ама на Јунајтед му фали крило кое знае да асистира. ДМ секако мора да се пазари исто. Секако му фалеше уште еден штопер, а со одењето на Варан сеа му фалат два. Во таква ситуација не верувам дека ќе ги пуштат Мегваер и Линделоф.
Вака како ми стојат работиве, 3-4 играчи ќе се носат, е сега дали ќе погодат што им е приоритет е друга работа. Ако гледаме реално, освен штопери, ДМ, десно крило, ни фали замена за Хојлунд, буклвано е еднинствен напаѓач у тимот. Мек Томинеј на крај ни играче напаѓач последниве утакмици. Ни фали лев бек. Лук Шо повеќе е повреден од здрав, Маласија никој зенае што прави, година и пол повреден. Далот и Бисака ни играа на лев бек.
 
А и овие со кои што не поврзуваат ич не ми прават мерак некако. Веројатно е премногу тешко да се преговара со ПСЖ ама таму има барем два играчи што ми се допаѓаат. Мендес мислам беше бекот и Витиња два докажани играчи, Реал треба да продава исто,Родриго сигурно ќе го продаваат не би требало да е повеќе од 60тина милиони. Во овие играчи има уште фудбал. Горетска од Баерн е добар, Вурц исто. Џабе ако купат 7со потенцијал а да не го остварат, па веројатно 3 од тие 7 ќе бидат флопови.
Автоматски споено мислење:

Не може господин стаорец да гради тим од таленти и потенцијал само.
 
Иначе Евертон му дава 40К. :D
 
Абе искрено ме боли курот за тоа колку плата ќе земал, битно ми е да се носат вистински играчи кои ќе донесат квалитет и да гледам моќен тим на терен, а сегашната структура влева надеж за тоа дека нема да лутаат и лупаат пари на секакви пропалици. За плата ако сакаат и 5 милиони месечно нека му дадат доколку прикажува квалитет на терен, борбеност, посветеност, сето тоа си ги носи резултатите, тоа ни е битно нас фановите.
 
Реално на Јунајтед му треба нов играч на скоро секоја позиција. Не зборам за во стартни 11 туку за во поширок ростер. Пример кога ќе се повреди Шо немаме замена, видовме сезонава колку шкрипевме таму. Кога е Лисандро повреден исто. Имаме штопери кој можат да го сменат но мора да се менува цел систем на игра. Џабе ако направат добра стартна 11ка кога ради 1 повреда ќе мора да се менува цела игра.
На лево крило и на 10ка на хартија сме најдобро покриени (Гарна/Раш и Бруно/Маунт) но едно е на хартија друго какви перформанси ќе пружат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom