Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Некои од работиве што го прават играчиве на терен се да фатиш и да ги млатиш на терен. Гарначо и Ентони дриблајки изгубија топка, Волфс добија корнер од таа топка, 2-3. И не беше само таа топка, едно 4-5 пати дадоа посед последните 10 минути.

Водиш 2-3, на терен имаш 2-ца централни бекови кои се движат како танкери, и ти во 95-та минута ги гледаш како трчаат напред, да дадат гол од корна. Им требаат тачно 157 секунди да се вратат од едниот до другиот гол. Нормално, во полуконтра, примаат гол за 3-3, зашто кај ке се вратат да покријат на време.

Бруно тиква недоделкана, на 2-3 место да игра краток пас од корна, или да држи време кај корнер знаменцето, или иде да финишира акција, или набацува. Нормално, отвара шанса и им враќа посед на противникот.

Тренеров, место на 1-3 да пушти уште 2-ца во одбрана, и да го пушти Ериксен кој има пас игра, и може да диктира темпо и да задржи топка, прави измена откако примија гол за 2-3, со тоа што Ентони го стави на лево крило каде што во живот нема играно, нити пак знае да задржи топка, а Гарначо и понатака на неговата неприродна позиција. Нормално, изгубија милион топки играјки вака.

Гледаш и си велиш, па дали е можно секоја одлука да е погрешна и никој да не забележува на терен дека сами на себе си прават проблеми?
Исто ама исто чувство и исти впечаток ми оставија, и Мектоминеј да го додадам што даде гол ама ние со него ја изгубивме средината и истата беше непостоечка.
 
И да не остане незабележано, Онана денеска повторно направи огромен кикс. Среќа за него, Мартинез го спаси овој пат.

И на вториот гол реагираше лошо, ама тука и Мејно можеше подобро да реагира.
Братот и за репрезентација беше закован на клупа, вчера се врати во Манчестер, денес прва постава, мислиш прајм Де Геа е. Рефлекс како на мртов коњ. Ако добие отказ Тен Хаг, Ентони и Онана ќе имаат повеќе од 50% импакт во него.
 
некако ко да не успеа да наметни своја игра Тен Хаг искрено и тој е во сивилото на другиве тренери, слични ми се, генерични изјави, налудничави, нестабилни...

Се надевам утре на позитивен исход и да ја опрај екипава. И да повторам сакам да се отвори истрага за Антони и да го казнат барем парично, ширум светот го гледаме него и пукаме од мака. Оној да го викнам в сала да играме фудбал ако ме издрибла 2 пати цел термин ќе се префрлам да играм било кој спорт кај шо не треба мозок и нозе.
 
Рио у последно треси многу глупости, ама споредбава на Маино со Сидорф баш му е на место...

Sent from my SM-F731B using Tapatalk
 
Рио у последно треси многу глупости, ама споредбава на Маино со Сидорф баш му е на место...

Sent from my SM-F731B using Tapatalk
Рано е да се хајпа толку нека изигра детето 2 сезони.

Иначе ќе биде изгледа Велбек 2.0.
 
Последно уредено:
Вака почнат ли на лет, ја незнам кој к го форсира Далот на средина просто едно веќе in loosing my shit со ЕТХ
Автоматски споено мислење:

Касемиро уште да го зашљакаше Бруно
 
Последно уредено:
Вака почнат ли на лет, ја незнам кој к го форсира Далот на средина просто едно веќе in loosing my shit со ЕТХ
Автоматски споено мислење:

Касемиро уште да го зашљакаше Бруно

Бруно е криминален полувремево, лесно губи посед во изгледни позиции за нас, и кога треба на средина на терен да се сврти кон противнички гол, тој игра пас наназад, иако зад него нема никој. Затоа и му се развика Касемиро.
 
За година-две парите дадени за Хојлунд ќе изгледаат смешно малку. Си купи Манчестер напаѓач за следните 10 години. Да беа сите трансфери како него кај ќе му беше крајот на Тен Хаг. Арно ама повеќето му се како Маунт.
 
Маунт повеќе фотосесии има од што има играно за Јунајтед. :D
 
За година-две парите дадени за Хојлунд ќе изгледаат смешно малку. Си купи Манчестер напаѓач за следните 10 години. Да беа сите трансфери како него кај ќе му беше крајот на Тен Хаг. Арно ама повеќето му се како Маунт.

При Ентони, ти за Маунт се фати, кој ради повреди има изиграно 127 минути.
 
Бруно е криминален полувремево, лесно губи посед во изгледни позиции за нас, и кога треба на средина на терен да се сврти кон противнички гол, тој игра пас наназад, иако зад него нема никој. Затоа и му се развика Касемиро.
Бруно е криминален цела сезона, би се осмелил да кажам со тие долги топки не знам кај тера, ама како малку и IQ да му фали не може после 50-60 минута со тие пасови ги прегорува сите со тие глупи топки.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom